ШпрингеЗа други значења на поимот, погл. Шпринге (појаснување).
Шпринге (германски: Springe) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на ридскиот масив Дајстер, околу 22 километри југозападно од покраинскиот главен град Хановер. ГеографијаМестоположбаГрадот се наоѓа на ридскиот масив Дајстер. Тука извира реката Халер, по која во средниот век градот бил наречен Халершпринг (Hallerspring). Градски единици
состојба: 30 јуни 2018 г. Соседни општиниШпринге се граничи со следниве општини и градови (почнувајќи од север, надесно) Барзингхаузен, Венигзен (Дајстер), Роненберг, Хеминген и Патензен (регион Хановер), Нордштемен и Елце (округ Хилдесхајм), како и Залцхемендорф, Копенбриге и Бад Миндер (округ Хамелн-Пирмонт). ИсторијаШпринге бил првпат споменат во 1013 година како Халершпринге (Hallerspringe). Во описот на границите на Хилдесхајмската епископија од транскрипт без датум, Шпринге бил споменат како Хелерајспринг (Helereisprig). Иако без датум по обликот и содржината може да се заклучи дека е документ од X век. Грофовите на Халермунд изградиле градба како тврдина на местото каде што е сега Шпринге откако го изгубиле замокот Халермунд на Клајнер Дајстер од Велфската династија во 1282 година. Владееле со нивната грофовија од нивното ново седиште, од кое подоцна израснал Шпринге. Создавањето на грофовско седиште и зацврстувањето на положбата довеле во XIII век да добие градски права. Во средниот век, Шпринге долго време бил седиште на грофовите на Халермунд и нивните наследници, странична линија на грофот на Кефернбург. Од нивната површина подоцна бил создаден Амт Шпринге, а по повеќе преименувања и проширување и округот Шпринге во 1884 година. До крајот на X век се појавиле и првите споменувања за другите места, кои денес се дел од градот Шпринге. До 1300 година сите постоечки села биле именувани. Развојот на областа се поврзува со преминот на Дајстер, граница помеѓу низината и планината, што била соодветна точка за пренос на стоки помеѓу Хановер и Хамелн. Понатамошниот развој се случил со изградбата на денешниот автопат Б217 во XVIII век и завршувањето на железничката линија помеѓу Хановер и Алтенбекен во 1872 година. Постоел постојан развој кон среден град по крајот на Првата светска војна и уште повеќе по крајот на Втората светска војна (во 1933 година, населението било 3.912). До административните реформи во 1974 година, Шпринге бил окружно седиште. Потоа, истоимениот округ бил припоен кон округот Хановер, кој на 1 ноември 2001 година, станал денешниот регион Хановер. Денес, околу 13.000 жители живеат во самиот град. ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 35 членови. Распределбата на места во советот, избрани на 11 септември 2016 година[2] 2011 година[3] и 2006 година:
ГрадоначалникГрадоначалник е Кристијан Шпрингфелд (FDP). На изборите на 31 јануари 2016 година бил избран со 55% од гласовите.
Збратимени градовиШпринге е збратимен со следниве градови: Постои партнерство со градот Милич во Полска Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia