Елце
Елце (германски: Elze) — мал град во округот Хилдесхајм, сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот е сместен на бреговите на реката Зале, околу 15 километри западно од Хилдесхајм. Во рамките на градот влегуваат и селата Есбек, Меле, Зелде, Зорзум, Витенбург и Вилфинген. ГеографијаМестоположба![]() Градот се наоѓа западно од Хилдесхајм на крајот на Долносаксонските ридови. Градски единициГрадот се состои од следниве места (жители на 30 јуни 2016):
ИсторијаЕлце е една од најстарите населби во областа, а нејзиното име потекнува од замок на Карло Велики, кој бил основан околу 800 година во саксонските имоти по победата над војводата Видукинд во Саксонските војни. Царот основал и мисионерска бискупија посветена на апостолите Петар и Павле, од која потекнува Хилдесхајмската бискупија. Кралот Лудвиг Побожниот го преместил епископското седиште во Хилдесхајм во 815 година, меѓутоа лутеранската парохиска црква е сѐ уште посветена на светците и е прикажана на градскиот грб. Селото Витенбург е место на поранешниот августинински манастир, основан во XIV век на местото на поранешен замок. Манастирот пропаднал за време на Протестантска реформација, додека готската манастирска црква е зачувана. Во 1856 година, Кралството Хановер ја отворило Хановерската јужна железница (Hannöversche Südbahn) од Хановер до Касел со железничка станица во Елце. По припојувањето од Прусија во 1866 година, градот станал важна железничка раскрсница. Меѓународни односиЕлце е збратимен со следниве градови: Познати луѓе
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia