Затемнување на Месечината![]() Затемнување на Месечината или Месечево затемнување — вид затемнување кое се случува кога Месечината ќе влезе во Земјината сенка, предизвикувајќи нејзино потемнување.[1] Ваквото порамнување се јавува во сезоната на затемнување, приближно на секои шест месеци на полна месечина кога нејзината орбитална рамнина е најблиску до орбиталната рамнина на Земјата. Појавата е можна само кога Сонцето, Земјата и Месечината се порамнети (во сизигија), и во овој распоред Земјата мора да биде меѓу другите две. Ова се случува само во ноќ со полна месечина, кога Месечината е блиску до еден од месечевите јазли. Видот и траењето на затемнувањето на Месечината зависи од нејзината близина до месечевиот јазол. Кога Месечината е целосно затемнета од Земјата, таа добива црвеникава Бидејќи Земјата наполно го попречува надоаѓањето на сончева светлина врз Месечината, бидејќи само светлината одбиена од Месечевата површина се прекршува од Земјината атмосфера. Оваа светлина е црвеникава зради Рејлиево расејување на сината светлина — истатото расејување кое на изгревот и залезот им дава портокалова боја. За разлика од Сончевото затемнување, кое се гледа само од релативно мал дел од светот, Месечевото затемнување е видливо секаде кајшто е ноќ. Целосното затемнување на Месечината може да трае до 2 часа, а целосното затемнување на Сонцето по трае неколку минути на секое дадено место, бидејќи сенката на Месечината е помала. Исто така, за разлика од сончевите, месечевите затемнувања можат безбедно да се набљудуваат без заштита за очите. Симболот на затемнувањето на Месечината (или било кое тело во сенка на друго) е Видови затемнување![]() Земјината сенка може да се подели на два посебни дела: сенка и полусенка.[2] Земјата наполно го прикрива непосредното Сончево зрачење во сенката (средишното подрачје на засенетост). Меѓутоа, бидејќи на Месечевото небо пречникот на Сонцето изгледа како да е 1⁄4 од оној на Земјата, планетата само делумно ја попречува непосредната сончева светлина во полусенката (надворешното подрачје на засенетост). Полусенчено затемнувањеПолусенченото Месечево затемнување се случува кога Месечината ќе навлезе само во Земјината полусенка.[3] Полусенката предизвикува доста мало потемнување на месечевата површина, видливо со голо око само кога во неа ќе влезат 70 % од месечевиот пречник.[4] Посебен вид на ова затемнување е целосното полусенчено затемнување, каде Месечината е целосно во Земјината полусенка. Овие затемнувања се ретки, и кога ќе се случат, делот од Месечината најблизок до сенката делува малку потемен од остатокот. Делумно затемнувањеДелумното затемнување се случува кога Месечината ќе навлезе делумно во Земјината сенка,[3] а целосно затемнување на Месечината се случува кога целата Месечина ќе навлезе во неа. Просечната орбитална брзина на Месечината изнесува приближно 1,03 км/с (3.708 км/ч), односно малку над нејзиниот пречник за еден час, поради што целосноста може да потрае 107 минути. Меѓутоа, вкупното време меѓу првиот и последиот допир на Месечевиот раб со Земјината сенка трае многу подолго и знае да потрае до 236 минути.[5] Целосно затемнување![]() Кога Месечината целосно ќе навлезе во Земјината сенка, се случува целосно затемнување на Месечината.[3] Веднаш пред целосното навлегување, сјајноста на месечевиот раб (кривиот раб на Месечината кој сè уште е непосредно осветлен од Сонцето) го прави остатокот од Месечината да изгледа споредбено темен. Во мигот кога Месечината влегува во целосно затемнување, сета површина станува рамномерно светла. Подоцна другиот раб на Месечината е осветлен ос Сонцето, па дискот повторно станува затемнет. Ова се јавува гледајќи од Земјата, каде сјајноста на месечевиот раб е поголема од онаа на остатокот од површината поради отсјаите од многу површински нерамнини на работ: сончевата светлина што паѓа врз овие нерамнини секогаш се одбива посјајно отколку онаа падната во посредишниот дел; поради ова рабовите на полната месечина изгледаат посјајни од остатокот. Сличен ефект се добива ако оптегнеме кадифена ткаенина врз испакната површина, и тогаш средината на кривата му изгледа најтемна на набљудувачот. Ова важи за секое планетерно тело со малку или без атмосфера и неправилно рапава површина (на пр. Меркур) кога се гледа спроти Сонцето.[6] Средишно затемнувањеСредишното затемнување е целосно затемнување на Месечината каде таа минува низ средиштето на Земјината сенка, допирајќи ја спротисончевата точка.[7] Ваквитте затемнувања се релативно ретки. Релативното растојание помеѓу Месечината до Земјата за време на затемнувањето може да влијае врз нејзиното траење. Ако Месечината е близу апогеј (најдалечната точка од Земјата во месечевата орбита) нејзината орбитална брзина ќе биде најмала. Пречникот на Земјината сенка не се намалува забележително со промените во орбиталното растојание на Месечината. Така, целосно затемнета Месечина близу апогеј ќе го продолжи траењето на целосноста. Допирни точки![]() Редоследот на целосното затемнување е определен од т.н. „допири“ (мигови на допир со Земјината сенка):[8]
Данжонова скала![]() Следнава сакала (наречена Данжонова скала) е осмислена од францускиот астроном Андре Данжон со цел оценување на темнината на месечевите затемнувања:[9]
![]() Затемнувањето на Месечината во културатаНеколку култири имаат митови за затемнувањето на Месечината или ја споменуваат како добар или лош предзнак. Егиѓаните ја гледале како свиња што привремено ја голта Месечината; во други култури ја голтаат други животни како јагуарот во мајанските преданија, или митската тринога жаба Чан Чу во Кина. Некои општества мислеле дека Месечината ја голта демон, и се обидувале да го избркаат со фрлање камења и клетви.[10] Старите Грци исправно верувале дека Земјата е округла и како доказ се служеле со сенката од затемнувањето.[11] Некои хиндуисти го сметаат капењето во реката Ганг по Месечево затемнување за спасоносно.[12] Периодичност![]() Секоја година се случуваат најмалку две, а највеќе пет месечеви затемнувања, иако целосните затемнувања се значително поретки од делумните. Ако се познати датумот и времето на едно затемнување, тогаш претстојните затемнувања можат да се предвидат според циклус на затемнување, како што е саросот. Затемнувањата се случуваат само во сезона на затемнување, кога Сонцето (од наше гледиште) минува близу еден од двата јазола на Месечевата орбита. ПоврзаноНаводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia