ЗиЛ
![]() ![]() Завод имени Лихачёва или ЗиЛ — еден од главните производители на камиони и тешка машинерија во Русија, познат и по рачната изработка на ултралуксузни автомобили за речиси сите советски државници, како и автобуси, оклопни борбени возила, и аеросанки. Денес работи како прозиводител на државнички возила за владата на Русија. Автомобилите ЗиЛ се сметаат за рамни на Maybach и Rolls-Royce, но во главно се непознати вон ЗНД и производството се состои од околу 12 автомобили годишно. Фабриката е основана во 1916 г. под името Автомобильное Московское Общество (АМО). Се планирало да се произведуваат 1,5 тонски камиони засновани на Fiat F-15 под лиценца. Заради Октомвриската револуција и Руската граѓанска војна по неа, требало да се чека до 1 ноември 1924 за да се произведе првото возило, АМО-F-15. Во 1931 фабриката била реопремена и проширена со помош на U.S. A.J. Brandt Co., кога го променила името во Завод имени Сталина (ЗиС). По прекинот на култот кон личноста на Сталин под водство на Никита Хрушчов во 1956, името било вратено на Завод имени Лихачёва, по нејзиниот поранешен директор Иван Алексеевич Лихачов. МоделиЛимузиниКамиони![]()
Автобуси
Спортски и тркачки автомобили![]()
Разни
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia