Златко Ориѓански
Златко Ориѓански — македонски композитор, поранешен член на Лола В. Штајн и на групата Анастасија. Остварил успешна соработка со бројни имиња од македонската естрада, меѓу кои соработка со Вања Лазарова, Каролина Гочева, Бени, како и со режисерите: Милчо Манчевски, Игор Иванов Изи и Слободан Унковски.[1] БиографијаКариерата ја започнува со членовите на Лола В. Штајн, со кои ги издава албумите: „Икона“ и „Мансарда“. Златко Ориѓански со групата Анастасија има настапувано речиси низ цела Европа: во Данска, Англија, Шведска, Грција, Турција, Полска, Шпанија, Португалија, Белгија, Германија, Швајцарија, Италија, Бугарија, Србија, Хрватска. Како композитор се појавува во комерцијалниот видео спот на „Чудесна Македонија“ во 2010 година, во спотот на Игор Ивановски Изи од 2009 година, Македонија вечна (втор дел) од 2008 година, албумот „Македонско девојче“ на Каролина Гочева, потоа музика за филмот на Милчо Манчевски, Пред дождот и музика за спотот Made in Macedonia,, Во 2016 година добива Признание за промоција на албанските вредонсти, кое се доделува на лице неалбанец.Ова признание му се доделува за соработката и градењето на мостови меѓу културите на „Милингона е арт”.[2] Златко Ориѓански има напишано музика за повеќе од 55 театарски претстави. Творештво, награди и признанијаАнастасијаАлбуми, активности и признанија заедно со групата Анастасија:
Други проекти
„Добро утро, госпоѓо“ (албум)Во јули 2016 година, излегува заедничкиот албум на Ориѓански и Бени Шаќири кој го носи насловот „Добро утро, госпоѓо“.[4] Содржи 12 песни, од кои 9 на македонски, две на албански и една на грчки јазик. Автор на најголемиот дел од музиката и текстовите е Ориѓански. Албумот бил посветен на режисерот Слободан Унковски, со кого Ориѓански има долгогодишна успешна соработка.[4] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia