Знамето на Аруба е усвоено на 18 март1976 година. Дизајнот се состои од поле во светлосина боја (која се вика Ларкспур или О.Н. сина), две хоризонтални паралелни жолти траки во долниот дел на знамето и црвена четирикрака ѕвезда со бела ивица во горниот лев дел.
Дизајнот има повеќе значења:
Синото поле го претставува небото, морето, мирот, надежта, иднината на Аруба и поврзаноста со неговото минато.
Двете паралелни траки "го означуваат статусот апарте". Едната трака го претставува движењето на туристите кон сончевата Аруба, додека пак другата ја симболизира индустријата (злато и нафта). Исто така, покрај сонцето, златото и богатствата, жолтата трака претставува букет од цвеќиња.
Ѕвездата има значително комплексно значењеe:
Четирикрата ѕвезда е необичаена за знамињата на државите и териториите. Во овој сличај ги претставува четирите страни на светот, што укажува на доста комплексно потекло на народот на Аруба. А со обзир дека на Аруба се користат 4 главни јазици: папиаменто, шпански, англиски и холандски, може и тука да се пронајде симболиката.
Ѕвездата го претставува и самиот остров: земјата е често доста црвена и оградена со бели плажи и сино море.
Црвената боја исто така има значење на крвта која Арубиците ја пролеале за време на војната, како и Индијанците домородци и патриотската љубов.
Белата боја значи чистота и искреност.
На 18 март во Аруба е државен празник, познат како Ден на Знамето.