Знаме на Доминика
|
|
Употреба
|
државно и пловно знаме национален симбол на Доминика
|
Сразмер
|
1:2
|
Усвоено
|
3 ноември 1978
|
Опис
|
Зелено знаме со крст во жолта, бела и црна боја. Во средината има црвен диск со папагал и 10 ѕвезди.
|
Знаме на Доминика — официјалното знаме на државата кое било усвоено на 3 ноември 1978 година, но до денес претрпело ситни промени во 1981, 1988 и 1990 година. Знамето е составено од зелена позадина на која има крст составен од три ленти во жолта, црна и бела боја. Во центарот на знмаето има црвен диск во кој има приказ на 10 зелени ѕвезди кои опколуваат папагал, националната птица на Доминика. Овој вид папагал е национална птица, може да се најде само на Доминика и има неколку единки. Зелената боја ја претставува растителноста на островот. Крстот го претставува христијанството а трите бои од кои е составен крстот ги симболизираат староседелците, плодната земја и чистата вода. Десетте ѕвезди ги претставуваат 10 парохии од кои е административно составена Доминика, додека црвениот диск претставува социјална правда.
Наводи
Поврзано
Знаме на Северна и Средна Америка |
---|
| Независни држави | | |
---|
| Зависни територии | |
---|
| |
|