Зорка Караѓорѓевиќ
Зорка Караѓорѓевиќ (23 декември 1864 – 16 март 1890) била најстара ќерка на црногорскиот кнез, Никола Петровиќ-Његош. На крштевањето го добила името Љубица, по мајката на кнезот Михајло Обреновиќ, кој бил нејзин кум. Од милост била нарекувана Зорка. Во 1883 се омажила за кнезот Петар I Караѓорѓевиќ, со кого имале пет деца. Починала на 25 години, и била погребана во Цетиње. Подоцна нејзините земни останки биле пренесени во храмот на Опленац. ЖивотописЗорка Караѓорѓевиќ е родена на 23 декември (11 декември според стариот календар) 1864 година на Цетиње. На крштевањето на денот Свети Сава го добила името Љубица, а кум ѝ бил српскиот кнез Михајло Обреновиќ.[1] Таа била првото дете од вкупно дванаесетте деца на црногорскиот кнез Никола I Петровиќ и кнегињата Милена. Детството го поминала на Цетиње до единаесеттата година, каде ја учеле цетињски учители и една госпоѓа од Швајцарија. Во 1875 година, кнегињата била испратена во Русија на школување во Смољанскиот Институт, каде се воспитувале девојки од најугледните семејства на руската аристократија. По завршување на школувањето, се вратила на Цетиње. На почетокот на 1883 година, на Цетиње дошол кнезот Петар Караѓорѓевиќ, со намера да се жени, да се зближи со Црногорците, и да се пресели овде. Кнезот ја побарал за жена младата кнегиња, што не било по волја на противниците и на двете династии. Венчавката се одвивала во манастирот на Цетиње на 30 јули 1883 година, а свадбата била организирана според народните обичаи. Попладнето по венчавката, кнезот Петар и кнегињата Зорка заминале на свадбено патување во Париз, а по враќањето од Париз, се преселиле во Цетиње.[2] Кнегињата Зорка родила пет деца: ![]()
Семејството Караѓорѓевиќ живеело на Цетиње, а кога резиденцијата станала тесна, изградиле нова. Главната преокупација на кнегињата Зорка била нејзиниот сопруг да стане крал на Србија, па постојано била бремена со намера да остави што повеќе потомци. Умрела на 16 март (4 март според стариот календар) 1890 година, брзо по породувањето со последниот син, Андрија, кој исто така умрел неколку дена по својата мајка. Кнегињата Зорка била погребана на Цетиње, кај манастирот Свети Петар, но кога била изградена црквата Свети Ѓорѓи на Опленац, нејзините останки биле пренесени таму, на 15 март 1912 година.[3] Тринаесет години по нејзината смрт, нејзиниот сопруг, кнезот Петар Караѓорѓевиќ дошол на престолот на Србија. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia