Иван Николоски

Иван Николоски
Роден 1921 година
Попоец, Кралство СХС
Починал ноември 1943 година
Тајмиште, Кралство Албанија
Народност Македонец

Иван Тренков Николоски ( 1921 во Попоец1943 во Тајмиште) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Произлегувал од селско земјоделско семејство. По занимање бил работник. Како напреден младинец, во пролетта 1943 година станал член на СКОЈ, а во НОВ на Македонија стапил во летото 1943 година во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред. Потоа со Групата баталјони учествувал во повеќе борби низ Кичевско, а во ноември 1943 година загинал при една акција кај местото Тајмишка Бука до селото Тајмиште.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 96.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya