Тајмиште
Куќи во Тајмиште зиме
Тајмиште — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. ![]() Географија и местоположбаТајмиште е планинско село, сместено во крајниот северозападен дел на Кичевската котлина, на тромеѓето помеѓу кичевскиот, гостиварскиот и мавровскиот крај[2]. Селото се наоѓа во подножјето на планината Бистра, на само 4 км од автопатот Скопје - Охрид, помеѓу Кичево и Гостивар. Од градот Кичево е оддалечено 22 км, а од Гостивар 27 км. Распослано е на левата страна од Тајмишка Река на планинска падина свртена кон југоисток[2]. ИсторијаНа атарот на селото Тајмиште се забележани старини и остатоци од градби од различни историски периоди. На возвишението Градиште, како и во месности (Лешов Тор) западно од селото се забележани остатоци од ѕидини градени со вар и камен, како и рударски окна, алати, остатоци од стар пат денес обраснат во шума, селишпта и темели од куќи, за кои населението верувало дека се од друг народ[2]. Под името Тајмиште селото се сретнува во XV век, односно во турските пописни дефтери од 1476/77 година, кога во него биле забележани 69 македонски христијански куќи[2]. Во XIX век селото Тајмиште е дел од Гостиварската нахија, на Тетовската каза на Отоманското Царство. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тајмиште живееле 580 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Тајмиште имало 640 Македонци, патријаршисти.[4] Според рускиот филолог Афанасиј Селишчев во 1929 година селото имало 83 куќи и 364 жители.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6] Според пописот од 2002 година, во селото Тајмиште живеат 107 жители, сите Македонци.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 59 жители, од кои 53 Македонци и 6 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиТајмиште е православно македонско село. Населението од селата Тајмиште, Мидинци, Букојчани во Кичево се познати под името Шопки или Шопови поради различниот дијалект и колоритноста на нивната носија кои се разликуваат од оние на останатите кичевски села. Населението во Тајмиште, изворно, нема никакви корени од Шопите. Говорот во село Тајмиште е идентичен со оној на мијачкиот и мавровскиот дијалект, додека колоритната носија спаѓа во редот на носиите од западна Македонија, односно носиите од Мавровско поле и областа Горна река. Во Тајмиште родовите можат да се поделат на староседелци, доселеници од познато потекло и доселеници со непознато потекло. Родови во селото се:
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Филиповци (2 к.), Јанчевци или Потевци (3 к.), Ристевци (4 к.), Стојановци (1 к.), Андоновци (4 к.), Шумковци (3 к.), Мицовци (1 к.), Бибовци (2 к.), Секуловци (3 к.), Бојовци (5 к.), Степановци (2 к.), Шумковци (7 к.), Грубановци (1 к.), Бојовци (7 к.), Вељановци (7 к.), Митревци (3 к.), Симјановци (3 к.), Симуновци (1 к.), Пејовци (2 к.), Ѓоргевци (1 к.), Соколовци (2 к.), Даиловци (3 к.) и Мицовци (3 к.) сите се староседелци; Илковци (5 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Бачишта.[13] Општествени установи
Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 820 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 71 гласач.[16] СтопанствоВо непосредна близина на селото Тајмиште се наоѓа рудникот за железна руда „Тајмиште“, од кој неколку погони денес се користат за производство на здрава храна. Населението најчесто се занимава со сточарство и пчеларство и со собирање на печурки на падините на Бистра. Во близина на селото се наоѓа и планинарскиот дом Тајмиште. Редовни настаниСелска слава во Тајмиште е Петровден, кој се празнува на 12 јули. Покрај тоа, во селото се празнуваат и Водици, Велигден и останатите поголеми празници. ЛичностиЛичности родени во Тајмиште:
ИселеништвоВо 1921 година во селото имало 120 куќи. Но од тогаш оно константно почнало да се намалува. Највише иселеници дало после Втората светска војна. Највише иселеници од Тајмиште има во Белград, каде се иселиле околу 55 семејства. По нешто иселеници има и во Кичево, Гостивар и Скопје. Родовите Поповци и Сенковци се иселиле во селата Железна Река и Митрој Крсти.[2]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia