Илија ПиперкоскиИлија Пиперкоски (4 април 1985 во Охрид) — македонски филмски режисер, сценарист, продуцент, професор за сценарио, режија и ПР. Пиперкоски е автор на енциклопедија за филм, како и книги, есеи и уметнички перформанси, чии дела имаат повеќе фестивалски проекции, вклучувајќи ги : Битола, Струмица и Скопје-Македонија, Биертан -Романија, Бугарија, Тел Авив -Израел, Пекинг -Кина, Букурешт -Романија, Болзано -Италија, Германија итн. Предава на Универзитет за театар и филм „I.L.Caragiale“ во Букурешт, Романија. На институтот за комуникациски студии е ангажиран како стручњак од практиката во областа на мултимедијалната продукција и социјалните медиуми. Тој е сопственик на продукциската куќа „Pandora`s box“ и обучувач за видео продукција и пишување на сценарија.[1] Од октомври, 2017 година работи во Општина Охрид во секторот за поддршка на Градоначалникот како шеф на кабинет. ЖивотописИлија Пиперкоски е роден во Охрид, Македонија, на 4 април 1985 година. Своето основно образование го завршил во ОУ. „Григор Прличев“ во својот роден град, како и средно образование во УСО. „Св.Климент Охридски“ (познато како Охридска гимназија).
Творештво![]() Илија Пиперкоски бил сценарист и режисер на играниот филм „Дедо и внук“ (2017-2019).[2] Главните улоги ги толкувале: Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Иваноска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов, Наум Цветкоски. Овој филм бил започнат со пишување на крајот на 2013 година. Со снимање се започнало во 2017 година, а премиерата се планирала на 6.12.2019 во Охрид. Карактеристично за овој филм било тоа што е прв филм целосно сниман во Охрид, од почеток до крај. Дедо и внук се вброил во филмови кои имаат интимна приказна, семејна драма со многу емоции, психолошка драма со акција меѓу луѓе, филм на карактери. Филмот бил снимен со македонско-романска копородукција. [3] [4] [5] [6] [7] [8] Документарен филмРежирал документарни филмови, од кои едниот е „Охрид, град на светлината“ (2017)во пет епизоди. Подоцна ги снимил и „Ѓорче Петров“ (2018) и „Методи Патчев“ на кои бил и режисер и сценарист. Во 2015 година го режирал долгиот документарен филм „Последниот Македонец од Македонија“ (2015, „The Last Macedonian - The road to extinction”). Низ 2013 година снимил пет документарни филма, на кои им бил сценарист и режисер, и тоа: „Тиквешко востание“ („Tikves Rebelion”), „Охридско востание“ („Ohrid Rebelion”), „Христо Матов“ („Hristo Matov“), „Петар Шанданов“ („Petar Shandanov“) и „Пере Тошев“ („Pere Toshev“). Во 2010 година бил режисер и сценограф на филмот „Прочистување на душата“ („Purification of the soul“), а во 2007 година сценарист, режисер и продуцент на филмот „Јас и мојот живот без некои работи“ („Me and my life without some things“). Краток филмРежирал краткометражни филмови, а еден од нив е „Матасари“ (2011, „Matasari”) [9] . Со овој филм се претставил на еден од најпрестижните филмски фестивали, фестивалот „Next Film“ во Букурешт.[10] Во 2014 година го создал филмот „Краткиот пат за далеку“ („The short way, to far away”) на кој бил и сценарист и режисер. Пиперкоски се поставил во улога на режисер и сценарист и за филмот „Супер момче“ (2013, „SuperBoy”).[11] Режирал една ТВ емисија. Илија Пиперкоски бил помошник-директор на повеќе од дваесет играни филма.[12] ФилмографијаИлија Пиперкоски бил глумец во филмот „Нешто добро во животот“ („Ceva Bun de la Viata“ , 2011 [13][14]), каде го играл ликот Илија (Ilie). Во 2017 година бил асистент на режисерот за краткометражниот филм „Допир“ (Dopir Aka Touch), додека пак во 2015 година бил помошник- режисер на режисерот Стојан Вујичиќ за краткиот филм „Брат за еден ден“ („Brother for a day”). Истата, 2015 година, бил помошник-режисер на режисерот Дарко Митревски за филмот „Трето полувреме“ („Third half“). Подоцна, во 2017 година бил и продуцент на документарниот серијал за Охрид, „Охрид: град на светлината“ („Ohrid: City of Light“). Во 2013 година го започнал со пишување сценариото за филмот „Дедо и внук“ („Grandfather and Grandson“). Во 2022 година бил извршен продуцент на филмот Преекспонирано (Things Unsaid) [15][16] Илија бил режисер и на реклами. Во 2022 [17] и 2023 [18] година. Фестивали
Награди и признанија
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia