Илија Шапкарев
Илија Шапкарев (26 јули 1931 во Велгошти — 6 јуни 2013 во Скопје) — македонски универзитетски професор и математичар.[1] ЖивотописДипломирал во 1954 година на Филозофскиот факултет, а во 1964 година докторирал на Природно-математичкиот факултет со темата „Инваријантни диференцијални равенки во однос на смена на функцијата“. Од 1959 година станал асистент на Техничкиот факултет. Во учебната 1965/66 година бил на специјализација во Математичкиот институт во Гетинген, Германија. Од 1975 година е професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. Научниот интерес му е областа на диференцијалните равенки. Автор е на 60-тина научни трудови и на учебници за високо и средно образование, учествувал на голем број конгреси и симпозиуми. Бил ментор на докторски и магистерски трудови и мошне активен на стручно и општествено поле. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia