Институт за историја на уметност и археологија
Институтот за Историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет е наследник на Групата за историја и уметност основана во учебната 1946/47 година. Групата привремено била затворена во 1951 година, но наставата по Историја на уметноста во различен обем и степен е одвивана во рамките на Групата за историја. Наставата од почетокот е изведувана со научен кадар од Македонија и од други места на тогашна Југославија. Со време, создаден е наставно-научен кадар кој е вклучен во повторно основаната Наставно-научна студиска група за историја на уметноста со археологија, која започнала со работа учебната 1973/74 година. Таа прерасна во сегашниот Институт за историја на уметноста со археологија. БиблиотекаБиблиотеката на Институтот за историја на уметноста и археологија е наследник на библиотеката којашто функционирала во рамките на Групата за историја на уметноста при Филозофскиот факултет во Скопје, оформена во учебната 1946/47 година. Таа располага со специјализирана литература на повеќето светски јазици од областа на дисциплините коишто се изучуваат на Институтот, археологијата и историјата на уметноста, од предеисторискиот период до денес. Таа располага со околу 8000 книги и периодични изданија од домашни и странски издавачи. Денешни наставници и соработници
|
Portal di Ensiklopedia Dunia