Информативна мрежа за гермоплазмени ресурсиИнформативна мрежа за гермоплазмени ресурси (англиски: Germplasm Resources Information Network, скрат. GRIN) — семрежен проект на Националната програма за генетски ресурси кој раководи со базата на податоци за сета растителна гермоплазма која ја собира Националниот систем за растителна гермоплазма (NPGS) на Министерството за земјоделство на САД.[1] Покрај работата со растителни гермоплазми, GRIN е задолжен и за гермоплазмите на инсекти (безрбетници), микроби и животни како одделни потпроекти.[2] ОписМрежното место е ресурс со меродавни таксономски информации со научни и народни имиња[3] на преку 500.000 единици (разновидности, сорти итн.) од 10.000 видови растенија.[4][5] Опфатени се како оние од стопанско значење[3] така и дивите видови. Ги покрива оние што важат за штетни корови,[3] загрозените и засегнатите видови,[3] со податоци за нивната распространетост низ светот[3] нивните живеалишта; како и „пасошки“ информации.[6] Во состав на GRIN е ставена и Базата на стопански растенија.[3] Мрежата ја одржува Единицата за управување со бази (GRIN/DBMU).[2] Целиот проект е под надзор на Националната лабораторија за гермоплазмени ресурси (NGRL) од Белтсвил, Мериленд,[6] кој во 1990 г. ја презел должноста од нејзиниот претходник — Лабораторијата за гермоплазмени услуги (Germplasm Services Laboratory, GSL),[2]).[7] ПотпроектиGRIN ги води следниве проекти:[8]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia