Ирена Шевињска
Ирена Шевињска (родена како Ирена Киршенштејн на 24 мај 1946 г.), полски: Irena Kirszenstein-Szewińska — поранешна полска спринтерка која била една од водечките светски спортисти во речиси две децении во повеќе дисциплини.[1][2][3][4][5][6] Ран и личен животИрена Киршенштејн е еврејка, и е родена во Ленинград во еврејско семејство.[7][8][9][10] Нејзиниот татко бил од Варшава а нејзината мајка од Киев. Тие се запознале во Ленинград, каде студирале во тоа време и во 1947 година се преселиле во Варшава..[11] Во 1967 година таа се венчала со нејзиниот тренер, Јануш Шевињски,[12] кој се натпреварувал во атлетските дисциплини со пречки на државно ниво и подоцна работел како спортски фотограф.[13] Тие имаат два сина, Андреј Шевињски (роден 1970 г.), кој играл одбојка и подоцна станал сенатор, и Јарослав (роден 1981 г.).[13] Во 1970 година Шевињска дипломирала на Варшавскиот универзитет со магистерска диплома по економија.[13] КариераПомеѓу 1964 и 1980 година таа се натпреварувала на пет изданија од Летните олимписки игри, освојувајќи седум медали, од кои три златни. Таа исто така соборила шест светски рекорди и е единствената спортистка која поседувала светски рекорд во трките на 100 метри, 200 метри и 400 метри. На Европските првенства таа освоила вкупно десет медали (пет златни). Помеѓу 1965 и 1979 година таа собрала 26 државни титули и поставила 38 рекорди во спринтерските трки (100, 200 и 400 метри) и скок во далечина.[12] Во 1974 година, таа станала првата шена која ја соборила границата од 50 секунди на 400 метри, и поставила нов светски рекорд од 22.21 секунди на 200 метри. Таа била рангирана на 1. во светот во трките на 100, 200 и 400 метри во 1974 година Последниот олимписки медал таа го освоила на игрите во 1976 во Монтреал, победувајќи на трката на 400 метри со нов светски рекорд од 49.29 секунди.[12] На воведното издание на Светскиот куп во атлетика во 1977 година, таа ги освоила титулите во трките на 200 и 400 метри; победувајќи ги фаворизираните спринтерки од Источна Германија, Барбел Вокел и Марита Кох редоследно. Таа била рангирана на 1. во светот во трките на 200 и 400 метри во 1976 и 1977 година. Во 1998 година, Шевињска станала член на Меѓународниот олимписки комитет.[12] Од 2004 година, таа е на чело на полската атлетска федерација. На 3 август 2005, таа била избрана како трета жена во Советот на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) за време на првата сесија од 45. конгрес на ИААФ во Хелсинки. Таа е член на Меѓународната еврејска спортска куќа на славни, и на куќата на славни на ИААФ.[14][15] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia