КК Струмица 2005
КК Струмица 2005 е распаднат македонски кошаркарски клуб од Струмица. ИсторијаКлубот бил формиран во 1991 година под името Македонија '91. Се нарекувал и Поло Трејд. Во сезоната 2002/2003, во Лигата станале вицепрваци по поразот во финалето против Фершпед Работнички. По промената на раководството на тимот во 2005 година, кога дошло до промена на името, на чело на клубот застанал новиот претседател Панајотис Карапиперис кој довел во клубот значајни играчи од Грција и од земјава и клубот почнал да носи успеси. Така, во сезоната 2006/07 година станале шампиони против Фершпед Работнички во финалето, а истата сезона биле и финалисти во Купот на Македонија, каде биле поразени од страна на Вардар Осигурување. Во наредната сезона 2007/08 година, Струмица 2005 го освоила второто место во македонската лига каде била поразена од Фени Индустри со тесни 4-3 во победи, додека во купот повторно била поразена во финалето исто така од Фени Индустри. Струмица 2005 по завршувањето на преодниот летен рок го откажала учеството во најквалитетна македонска кошаркарска лига како и новоформираната Балканска лига поради финансиска криза со кое згаснал уште еден кошаркарски клуб од Струмица по Неметали Огражден. Постигнувања
Поврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia