Калемар (албум)„Калемар“ - албум на македонската група „Баклава“ од 2008 година, издание на „SJF Records“. ПесниАлбумот содржи 14 песни (13 и бонус):[1]
Информации за албумотАвтори на сите песни се Елена Христова и Дејан Сибиновски, освен: „Твојте очи Лено“, „Јаворе“ и „Ој девочје“ (народни), „Ѕвезда спуштена“ (Владимир Мартиновски), „Псалм“ и „Чекор“ (Христова/Мартиновски), и „Севда“ (Сибиновски/Христова/народна). Албумот е продуциран и аранжиран од „Баклава“, а извршен продуцент бил Оливер Белопета. На снимањето на албумот учествувале и следниве музичари: Дејан Теодосиевски (виолончело), Ерхан Шукри (виолина), Александар Стаматов (тамбура) и гудачкиот квартет „Quartet“. Албумот е снимен и измиксиран во студиото „Кларион“ во Скопје, во јуни 2008 година, а снимател бил Дејан Ангелевски, со исклучок на „Ој девојче“ која била снимена во студиото „Профундус“ во декември 2004 година од страна на снимателот Филип Јаневски. Дизајнот на албумот е дело на „Работилница“, а фотографиите ги направиле Сашо Целески и Маја Аргакијева. Албумот бил снимен со поддршка на Министерството за финансии на Република Македонија.[2] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia