Камењарче
Камењарчето (науч. Arenaria interpres) е мала крајбрежна птица, една од двата вида на родот Arenaria. Сега е класифицирана во семејството на мочварките (Scolopacidae), но порано понекогаш беше сместувана во семејството на блатарките (Charadriidae). Таа е целосно птица преселница која се размножува во северните делови на Евроазија и Северна Америка и лета на југ за да зимува на крајбрежјата речиси во целиот свет. Ја има и во Македонија. Опис![]() Камењарчето е мала набиена птица со должина од 22 до 24 см, распон на крилјата од 50 до 57 см и тежина од 85 до 150 грама. Темниот, клинест клун е долг 2-2.5 см и благо свиен нагоре. Нозете се кратки, 3.5 см, светлопортокалови. Во сите сезони, пердувите шарени во кафеави нијанси со црно и бело. Во сезона на парење, грбот им е црвеникаво-кафеав со црни шарки. Главата е претежно бела со црни линии на круната и црни дамки на лицето. Градите се претежно црни со бело од страните. Остатокот од долниот дел е бел. При лет, се гледа бело под крилјата, со дамка во близина на основата и белиот долен грб, под опашката и опашката со темни краеви. Женките се малку посветли од мажјаците со покафеава глава и повеќе линии. Вон сезоната на парење птиците се посветли и имаат сивокафеави горни делови прошарани со црно и темна глава со малку бело. Птиците од подвидот morinella се помали со потемни горни делови и помалку линии на круната. Камењарчето има продолжителен, растреперен повик, и во сезоната на парење разговорливо-тревожен повик. Распространетост![]() Камењарчето се размножува во арктичките предели, близу до крајбрежјата, не повеќе од неколку километри од морето. Подвидот A. i. morinella живее во северна Алјаска и арктичка Канада. A. i. interpres се размножува во западна Алјаска, Гренланд, Норвешка, Данска, Шведска, Финска, Естонија и северна Русија. Во Америка, овој вид зимува на крајбрежјата од Вашингтон и Масачусетс и до најјужниот дел на Јужна Америка. Во Европа зимува во западните региони на Исланд, и на југот од Норвешка и Данска. Во мал број се среќаваат на крајбрежјата во Средоземјето. Во Африка е вообичаена сè до најјужните делови и во поголем дел од островите. Во Азија, пак, зимува на југ, во Кина, Јапонија, како и во Тасманија, Нов Зеланд и на многу тихоокеански острови. ПоведениеИсхранаКамењарчињата обично се хранат со инсекти во текот на летото, иако нивната исхрана е проширена со други безрбетници како што се: ракови, мекотели, црви во другите сезони. Исто така, забележано е дека ловат јајца од други птици, како галеби, патки, и поретко од други камењарчиња. Тие одат во незаштитеното гнездо и со клунот го дупнуваат јајцето и му ја јадат содржината.[2] При исхраната, оваа птица е забележано дека користи различни начини на поведение за да дојде до својот плен. Тие може да се сместат во 6 основни категории::[3]
Постојат докази дека начините на исхрана се разликуваат врз основа на поединечните способности, полот, па дури и социјалниот статус во однос на другите птици. Во една проучувана група, доминантните поединци се хранеле со „разгонување“ и ги спречувале подредените да ловат на ист начин. Кога овие доминантни птици биле привремено отстранети, некои од подредените започнале со техниката „разгонување“, а кај другите немало промена во начинот на хранење. Агресија и одбрана на територијатаКога се харнат, камењарчињата усвојуваат различни пози кои се показател на нивната доминација. Спуштената опашка и подгрбавениот став се поврзуваат со агресивност, односно со доминантна единка.[5] Декорациите на пердувите на камењарчето имаат голем број и необични комбинации во однос на другите крајбрежни птици. Тие ги користат овие единствени декорации за препознавање и дискриминирање на натрапниците од други територии. Кога е поставен лажен модел на птица на територијата на камењарчиња, помала веројатност за агресивен напад има ако таа е обоена со боите на камењарче од соседството.[6] Живеалиште и поведение![]() Камењарчето може да преживее во различни живеалишта и климатски услови, од арктичка до тропска. Типично живеалиште за размножување е отворената тундра со вода во близина. Вон сезоната на парење, живее долж крајбрежјата, особено на карпести или камени брегови. Тоа често се наоѓа на вештачки структури како што се браните, а понекогаш и на отворените тревни површини близу крајбрежјата. Помал број се среќаваат во континенталните водни живеалишта, особено за време на пролетните и есенските миграции. Во врска со зимувалиштата, камењарчињата се особено верни на определената локација. Во труд објавен 2009 година кој ги истражувал зимувалиштата на овие птици е утврдено дека дури 95% од птиците се вратиле на истото место следната есен. Истата студија, потврдува дека овој вид е најдолговечен од сите крајбрежни птици, со стапка на смртност под 15% (на возрасните птици).[4] Просечниот животен век е 9 години, а највозрасната регистирана птица била стара 19 години и 2 месеца. Камењарчињата имаат разновидна исхрана во која се вклучени и мрши, јајца, растенија, но претежно се хранат со инсекти и други безрбетници. Кога се хранат, обично се во јато. Размножување![]() ![]() Овие птици се моногамни и парот може да живее заедно повеќе од една сезона. Гнездото е плитко („гребнатинка“), често поставено со малку лисје. Тоа е околу 11 см долго и 3 длабоко. Може да биде изградено меѓу вегетација или на голи каменливи или карпести места. Имаат само едно легло од 2-5 (најчесто 4) јајца. Тие се мазни, малку сјајни и варираат во боите, но претежно се светлозеленокафеави со темнокафеави дамки. Инкубацијата започнува откако ќе се снесе првото јајце и трае 22-24 дена. Претежно женката ги лежи, но и мажјакот помага, особено при крајот. Малечките го напуштаат гнездото брзо по испилувањето, можат сами да се хранат, но се заштитувани од мажјакот. Со перје се здобиваат по 19-21 ден. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia