Камничко-савињски Алпи
![]() Камничко-савињски Алпи (словенечки: Kamniško-Savinjske Alpe) — планински венец на Јужните Варовнички Алпи. Се протегаат во северна Словенија, а најсеверниот дел е во Австрија. Западниот дел на венецот е наречен Камнички Алпи (германски: Steiner Alpen) во 1778 г. од научниците Балтазар Аке и Франц Ксавер фон Вулфен, по градот Камник (Stein) во долината на Камнишка Бистрица. Источниот дел е наречен Савињски Алпи (Sanntaler Alpen) или Солчавски Алпи (Sulzbacher Alpen) од планинарот Јоханес Фришауф во 1875 г. по селото Солчава (Sulzbach) и реката Савиња (Sann). ГеографијаАлпите се смстени јужно од венецот Караванки, на словенечко-австриската граница, протегајќи се од реката Сава на запад до реката Савиња на исток, каде се наоѓаат соседните Словенечки Предалпи со венецот Похорје, Цељското Ридје кај реката Дравиња и Савското Ридје. На северозапад, е долината на потокот Бела која води до Бад Фелах (Бела), и ова е најјужна точка на Австрија. Главниот венец во целост е во Словенија. Во минатото ја образувал границата помеѓу внатрешноавстриските војводства Корушка, Штаерска и Крањска. Тромеѓата се наоѓала на планината Корушка Ринка. Под планината Скута има и мал ледник, кој е најисточниот ледник на Јужните Алпи. ВрвовиНајвисоки врвови се:
Камничко-савињските Алпи имаат 28 врвови повисоки од 2.000 м. Во словенечкиот дел зфаќаат вкупна површина од 900 км2. Три четвртини од планинските предели се прекриени со шуми, а повисоките врвови се голи и карпести. Најважни превои се Језерско Седло (Зебергзател) помеѓу австриска Корушка и Општина Језерско во Словенија, како и Павличево Седло. На словенечката страна има скијалиште, а во Долината на Бела има лековита бања. ПоврзаноНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia