Општина Језерско
![]() ![]() Општина Језерско (словенечки: Občina Jezersko) — општина во северна Словенија. Сместено е во историската област Корушка, но административно се води Горењскиот регион. Седиште е селото Згорње Језерско. Во 1995 г. Језерско влегло во состав на Општина Преддвор, а во 1998 г. станало самостојна општина.[2] Језерско е сместено во зафрлена долина на реката Кокра на Камничко-савињските Алпи, јужно од превојот Језерски Врх на границата со австриската сојузна покраина Корушка, поточно со округот Фелкермаркт (Великовец). Населени местаПокрај општинското седиште Згорње Језерско, општината ги опфаќа и следните населени места: ИсторијаПодрачјето го носи своето име според ледничкото езеро близу селото Згорње Језерско кое почнало да се губи по земјотресот од 1348 г. Сепак, во 1689 г. Јанез Вајкард Валвазор го опишува како сè уште големо езеро.[2] Според тоа, на местото му е дадено германското име Зеланд (Seeland) (првпат посведочено како Seelant во 1496 г.), а словенечкиот истоветник „Језерско“ влегол во употреба кон крајот на XIX век. Сепак, поимот во словенечкиот е доста постар, што се гледа од документ од 1391 г. во кој се спомнува црква „Св. Озвалд кај Езерото“ (Sv. Ožbolt pri Jezeru). Сè до 1919 г. зафрленото село било во состав на Војводството Корушка како административен дел од Ајзенкапел (Железна Капла) на север; сепак, мештаните не се сметале за „вистински“ корушци.[3] Затоа, тоа било единственото населено место кое Корушкото собрание му го отстапило на Кралството СХС, пред да биде споено заедно со долината на Межа и Дравоград согласно Договорот од Сен Жермен од 1919 г. СтопанствоЗемјоделствоМештаните претежно се занимаваат со туристичко угостителство, сточарство и шумарство. Сточарството се одвива во големи размери, како на поединечни фарми, така и од големи претпријатија. Одовде потекнува автохтоната језерско-солчавска овца. Секоја година во средината на август се одржува овчарскиот празник наречен „Овчи бал“. ТуризамЈезерско има долга туристичка традиција. Тука се наоѓа хотелот „Планика“[4] како и пансиони на поединечни фарми.[5] Селото нуди исклучителен поглед на околните планини, и одовде поажѓаат планинарските патеки до Гринтовец, Кочна и Велики Врх. Добро познати се планинарските домови „Крањска коча на Лединах“ и „Чешка коча на Сподњих Равнех“.[6] Планшарското Езеро во Згорње Језерско е вештачко, изградено по Втората светска војна. Зимно време постои можност за скијање. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia