ДоломитиЗа други значења на поимот, погл. Доломит (појаснување).
Доломити (италијански: Dolomiti, ладински: Dolomites; германски: Dolomiten, венецијански: Dołomiti, фурлански: Dolomitis) — планински венец во североисточна Италија. Сочинуваат дел од Јужните Варовнички Алпи и се протегаат од реката Адиџе на запад до долината на Пијава (Пјеве ди Кадоре) на исток. Северната и јужната граница ја образуваат Пустерската и Суганската Долина. Венецот е речиси подеднакво распределен во покраините Белуно, Јужен Тирол и Трентино. На исток, преку реката Пијава се протегаат планински групи со сличен геолошки состав, наречени Прекупијавски Доломити (Dolomiti d'Oltrepiave); во далечината, преку реката Адиџе на запад е Брентската група (Западни Доломити). Постои и помала група наречена Мали Доломити (Piccole Dolomiti), сместена меѓу покраините Трентино, Верона и Виченца (на картата). Венецот има еден национален парк и поголем број регионални паркови. Во август 2009 г. Доломитите се прогласени за светско наследство на УНЕСКО. Потекло на иметоДоломитите, наречени и „Бледи Планини“ (Monti pallidi), се наречени по карпата доломит, која пак е наречена по нејзиниот прв опишувач, францускиот минералог Деода Грате де Доломје (1750–1801).[1] ИсторијаЗа време на Првата светска војна, фронтовата линија помеѓу италијанските и австроунгарските сили се протегала преку Доломитите, и тука се одиграле жестоки борби меѓу мини. Денес кај Чинкве Тори (Пет Кули) и планината Лагацуој има по еден воен музеј на отворено. Многу посетители ги искачуваат „железните патишта“, направени за искачување на карпите за време на Првата светска војна. Низ планините минуваат и неколку значајно долги пешачки патеки, наречени „високи патеки“ (alte vie), означени со броеви од 1 до 8. Долж патеките има разни планинарски засолништа (rifugi) кои се на располагање на планинарите. За да се поминат сите патеки е потребна барем една недела. ГеографијаПодрачјето обично се дели на Источни и Западни Доломити, одделени со линија по оската на долината Бадија – превојот Камполонго – долината Кордеволе (Агордино). Групи![]() Според начинот на групирање, Доломитите се делат на следниве венци:
ТуризамДоломитите се познати по скијањето зиме и планинарството, велосипедизмот, BASE-скокањето, параглајдерството и делтапланството доцна напролет, лете и на почетокот на есента. Слободното качување се одвива на планините уште од 1887 г. кога 17-годишниот Георг Винклер сам го освоил врвот на Вахолетските Кули.[2] Главни туристички центри се: Рока Пјеторе крај ледникот на Мармолада на границата меѓу Трентино и Венето, гратчињата Алеге, Фалкаде, Ауронцо ди Кадоре и Кортина д'Ампецо, селата Араба, Ортизеј и Сан Мартино ди Кастроца, како и целите долини Фаса, Гардена и Бадија. Секоја година првата недела од јули се одржува еднодневниот велосипедистички натпревар „Маратон по Доломитите“ (Maratona dles Dolomites), кој се вози по седум превои на Доломитите. Поважни врвови![]() ![]()
ПоврзаноНаводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia