Каримата

Каримата во рамките на Индонезија
Местоположба на протокот Каримата во Индонезија

Каримата (индонезиски: Karimata) — широк проток што ги поврзува Јужнокинеското и Јаванското Море и ги двои островите Суматра и Борнео (Калимантан) во Индонезија.

Протокот е широк околу 150 км, мерејќи од источниот брег на осторовот Белитунг до западниот брег на Борнео. Белитунг е одделен од Банка на запад со многу потесниот Гаспаров Проток. Островот Банка се наоѓа недалеку од источниот брег на Суматра, од која е одделен со протокот наречен по него. Во источниот дел на протокот Каримата се сместени Кариматските Острови, североисточно од Белитунг и релативно близу до западниот брег на Борнео.

Поврзано

2°19′27″S 108°51′41″E / 2.32417°S 108.86139°E / -2.32417; 108.86139

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya