Малачки Проток
Малачки Проток (малајски: Selat Melaka, индонезиски: Selat Malaka) — тесна водна површина долга 805 км која се протега Малајскиот Полуостров и индонезискиот остров Суматра. Наречен е по Малачкиот Султанат кој заповедал со архипелагот од 1414 до 1511 г. ГранициСпоред Меѓународната хидрографска организација границите на Малачкиот Проток се следниве:[1]
Стопанска важностОд стопанска и стратешка гледна точка, Малачкиот Проток претставува еден од најважните водни патишта во светот. Протокот е главен премин за бродскиот сообраќај помеѓу Индискиот и Тихиот Океан, поврзувајќи ги најголемите стопанства во Азија како Индија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Годишно низ протокот поминуваат по 94.000[2] бродови,[3] и превезуваат една четвртина од трговската стока во светот како нафта, кинески производи и индонезиско кафе.[4] Нив Малачкиот Проток минува и една четвртина од нафтените танкери во светот, главно од земјите во Персискиот Залив кон големите азиски пазари како Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Во 2006 низ теснецот се превезувале 15 милиони барели дневно (2.400.000 м3/ден).[5] Најголемите бродови што можат да поминат низ протокот се нарекуваат „малакамакс“. Протокот е длабок само 25 м, па затоа најголемите бродови (претежно нафтени танкери) не можат да поминуваат низ него. Бродовите што се поголеми од ова мораат да одат преку Ломбочкиот и Макасарскиот Проток, преминот Сибуту и Миндорскиот Проток. Во Филипсовиот Канал во подрачјето јужно од Сингапур, Малачкиот Проток се стеснува до 2,8 км (1,5 морски милји), што претставува едно од најзначајните геостратешки тесни грла на светот.[6] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia