Катарина Ивановска
Катарина Ивановска (родена на 18 август 1988 во Скопје) — македонска манекенка и глумица. ЖивотописСвојата кариера како манекенка ја започнала во 2004 година на Миланската модна недела по освојувањето на Look Models International кастингот за модели во Македонија[1][2]. Во декември 2004 се појавила во едиторијал за списанието „Elle“, а исто така се има појавено и во „Citizen K“, „Stiletto“ и италијанското и руското издание на Vogue.[1][2] Се има појавено на насловните страни на списанијата „Diva“ и „Máxima“, и во реклами за D&G во 2006. Во 2010, Ивановска се појавила во српско списание „Elle“. Во 2011 потпишала договор за рекламирање на производите на Викторија Сикрет.[3] Соработувала со агенции како International Scouting Office Belgrade, Women Mgmt Paris, Women Mgmt New York City, Women Mgmt Milan и Select Model Mgmt London. Во Македонија, таа е сметана како еден од најуспешните модели.[4]. Во 2012 година, Ивановска дебитирала како глумица во филмот „Трето полувреме“.[5] Со партнерот Слободан (Цобе) ги има синот Вања и ќерката Кира.[6] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia