Католицизмот во Грција![]() Католичка црква во Грција — дел од светската Католичка црква, под духовно водство на Папата во Рим. Домородните римокатолички Грци бројат околу 50.000-70.000[1] и претставуваат религиозно, а не етничко малцинство. Повеќето од нив се реминисценција на венецијанското и џеновското владеење на многуте грчки острови (и во Егејското и во Јонското Море) од почетокот на 13 до крајот на 18 век, или потомци на илјадниците Баварци кои дошле во Грција во 1830-тите години како војници и цивилни администратори, придружувајќи го кралот Отон. Еден многу стар, но сѐ уште чест термин кој се користи за католиците е Φράγκοι, или "Франки", тој датира од времето на Византиското Царство, кога Старите Грци го користеле овој термин за сите католици. Сепак, од почетокот на 1990-тите бројот на католичките постојани жители на Грција во голема мера се зголеми; денес, тие бројат околу 200,000 во најмала рака, а можеби и повеќе.[1] Овие католици се имигранти или од Источна Европа (особено Полска) или од Филипините, но исто така вклучуваат и иселеници од Западна Европа кои живеат постојано во Атина или на грчките острови (особено Крит, Родос и Крф). Денес, поголемиот дел од католиците живеат во Атина, град на околу четири милиони луѓе; остатокот од католиците живеат низ цела Грција. Повеќето домородни католици живеат на островите, особено на Кикладите, додека во Сирос и Тинос постојат целосно католички села и парохии. Исто така, одреден број католици живеат во Крф, Наксос, Санторини, Кефалонија, Закинтос, Родос, Кос, Крит, Самос и Хиос. Во другите делови од Грција католичките заедници се помали, тие постојат и во Патра (град кој бил дом на голема италијанска заедница до Втората светска војна), Солун, Кавала, Волос итн. Во прилог на римокатолиците (според римски обред), кои претставуваат огромно мнозинство на верниците, постојат околу 5.000 според грчкиот обред[1] и неколку стотици ерменски католици. Папи од ГрцијаЕпископска конференцијаЕпископската конференција на Грција (Hiera Synodos Katholikis Hierarkhias Hellados) има шест членови:
Папски претставници во Грција
![]() ![]() ОрганизацијаРимски (латински) католички
Епархии
Парохии
Источни грчки (византиски) католичкиДругиПознати грчки римокатолици
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia