Религија во ГрцијаИсточното Православно христијанство е религија на 95% [1] до 98% [2] на грчкото население. Според последната анкета спроведена од страна на Евробарометар во 2005,[3]
Православие![]() Грчката православна црква, која е член на Источната Православна црква, е запишана во уставот на Грција. Нејзините членови се од 95% [1] до 98%[2] од населението. Од нив, околу 700.000 до 1 000 000 се членови на старата православна црква[1]. КатолизамРимокатолизамБројот на римокатолиците во Грција е околу 50.000[1]. Овие верници ги има низ целата територија на земјата, но главно живеат на Кикладите и по Јонските Острови. Присуството на католиците во грчките острови се должи на доминација на Венеција на овие простори во средниот век. Римокатоличката заедница е зголемена во последниве години како резултат на имиграцијата и денес брои околу 200.000.[1] ГркокатолизамВкупниот број на гркокатолиците во земјата е околу 5.000 [1] и тие најчесто живеат во Атина. ПротестантствоБројот на Протестантите, вклучувајќи ги и членовите на Грчката Евангелистичка црква и Слободната Евангелистичка црква, е околу 30.000.[4][5]. Бројот на членовите на Саборот на Бога и другите Пентекостни нзависни цркви е околу 12.000 членови.[6] ИсламМуслиманите во Грција се претежно од турско потекло иако има и заедница на грчки муслимани. Бројот на следбениците на исламот се проценува на 97.604 луѓе или 0,95% од вкупното население, според пописот во 1991 година.[7] Бројор на имигрантските муслимани се проценува од 200.000 до 300.000.[8] ЈудаизамЕврејската заедница во Грција во моментов изнесува околу 5.500 луѓе, главно концентрирани во Атина, Солун, Лариса, Волос, Јанина, Трикала и Крф, додека многу помалку ги има во Кавала и Родос.[9] Хеленско неопаганствоНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia