Катраничка гробница
Катраничка гробница, полн назив: Катраничка македонска гробница (грчки: Μακεδονικός Τάφος στους Πύργους Κοζάνης) — древномакедонска гробница од последната четвртина на IV век п.н.е. недалеку од селото Катраница, Кајларско, Егејска Македонија.[1][2][3][4] Откриена е во 1983, а ископана во 1992 г.[3] Изградена е во подножјето на планината Каракамен, на јужниот излез од селото Катраница, веднаш крај патот за Воден.[5] Нејзината положба ја потврдува претпоставката дека овдешните гробници се градени долж важни патни правци.[3] Гробницата му припаѓа на типот големи засводени македонски гробници на видни семејства, војсководци и влијателни жени.[5] Ограбена е уште во стариот век, па затоа недостасуваат какви било украси. Има една одаја со големина од 2,83 на 2,55 м. Денес има проста фасада, покриена со белузлав малтер.[3] Заедно со соседната Војводинска гробница, оваа гробница е доказ за големото стратешко значења на оваа област во старовековната историја на Македонија.[6] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia