Каракамен
Каракамен или Кара Камен (грчки: Βέρμιο, Вермио) — планина во Егејска Македонија, денес во Грција. Планината се протега во централниот дел на Егејска Македонија меѓу административните области Западна Македонија (Кожани) на запад и Централна Македонија, Постол на североисток и Иматија (Берско) на југосток. Планината се дели на два дела: северниот се нарекува Негушка Планина или Дурла (Турла), а јужниот — Докса. Каракамен се наоѓа меѓу Островското Езеро на северозапад, котлината Сариѓол (Кајларско Поле) на запад, река Бистрица на југ и Солунското Поле на исток. Највисокиот врв на планината е Каракамен (на турски Караташ, на грчки Хамити) на 2.065 метри.[1] Во народното творештвоПланината Каракамен се споменува во народната песна „Дафино вино црвено“, каде во првата строфа се вели:[2]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
40°31′33″N 22°00′38″E / 40.5258046°N 22.0104218°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia