Катраница или Катранци (грчки: Πύργοι, Пирги; до 1928 г. Κατράνιτσα, Катраница,[2] — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на Кожанскиот округ, Грција. Во минатото било населено претежно со Македонци христијани и „Турци“ (најверојатно исламизирани Македонци), подоцна преселени во Турција. Денес половината жители се Македонци, а другата половина се грчки дојденци.[3]
Географија
Селото се наоѓа на надморска височина од 700 м.[3] Сместено е во мала котлина во северните пазуви на Негушка Планина, недалеку од Островското Езеро во долината на Бела Река[4] (Аспропотамос).
Во околината на Катраница има траги од праисториски населби. Кај селото е откриена древномакедонска гробница, слична на оние во Кутлеш.[5]
Средновековие
Во средниот век тука имало утврден град, чии остатоци се близу селото, на ридот Град. Град има две тврдини и сместен е на важиот пат Вија Егнација. Во средновековнииот град има зачуван камен мост, наречен Гелин мост, кој го поврзува со Долно Граматиково. Според легендата мостот е наречен по турско девојче, ќерка на сопственикот на селото, која на коњ поминувала по мостот и се наведнала да ја погледне водата, но изгубила рамнотежа и се удавила во реката. Друг камен мост Сандре мост се наоѓа на северозапад од замокот, на патот за Нови Град. На 4 км од Катраница се и рушевините на средновековната базилика Чаршија-црква.[6]
Во Османлиското Царство
Во османлиско време Катраница било просперитетно село, со прекарот „Ќучул Стамбул“ (Мал Истанбул). Во 1635 г. ктитор на светогорската Велика Лавра станал Јеромонах Данаил, кој на ктиторскиот натпис забележал дека е од Катраница.[7] Во XVIII век од 1762 г. по исламизацијата на Ноти на чело со мегленскиот епископ Јован или Јоаникиј (1759) Катраница за кратко била епископско седиште пред митрополијата да се премести во Лерин.[8] Во селото има постари цркви како катедралната црква „Св. Димитриј“ од 1726 г. која работела и како училиште, како и „Св. Петка“ од околу 1700 г. Во обете цркви има вредни фрески.
Кон крајот на XIX век Катраница било мешано македонско-турско село. Грчкиот просветител Атанасиос Псалидас во својата „Географија“ (1818 - 1822) го бележи овој факт, додавајќи дека тамошното население е најпросто.[9][10]
На Етнографската карта на Битолскиот вилает на Картографскиот институт во Софија од 1901 г. Катраница било етнички мешано во Кајларската каза на Серфиџенскиот санџак со вкупно 310 куќи на Македонци,[11] Грци, Власи и Турци.[15]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 г. во Катранца (Κατράντσα), Кајларска каза, живееле 1.350 „Грци славофони“ (т.е. Македонци) и 200 Турци.[16]
За време на Првата балканска војна Катраница е окупирана од грчка војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“), нешто пред Првата светска војна Катраница имала 250 куќи на Македонци христијани и 250 куќи на Турци.[18] Во истото дело тој забележува дека два соја се сметаат за староседелски, и имаат вкупно со 12 куќи.[19] Од нив, сојот на Хаџи Ташо (9 куќи) биле „од старо време“.[20] Го наведува сојот Катраничани преселен во Новото Маало во Воден кон крајот на XIX век,[21] Од сојот Ваневци (со турцизирана варијанта Ванчуки) еден бил преселен во Браила (Романија) околу 1887 г., а двајца во Ваљево (Србија), каде работеле како слаткари под презимето „Димитриевиќи“.[22] Покрај тоа, некои луѓе од Катраница биле дуќанџии во Клисура и Суровичево, делумно живеејќи таму под кирија, а делумно дома.[23]
Во 1920-тите турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно място се доселени Грци од Цариград, Трапезунд и Севастија. Во 1928 г. селото станало мешано македонско-грчко, со вкупно 1.490 жители, од кои 510 лица (139 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.[24] Истата 1928 г. селото е преименувано во Пирги, што во превод значи кули, поради измислениот грчки превод на „Кастраниса“ (Καστράνισσα), од кастро, тврдина.[25]
Селото силно настрадало од германската војска за време на Втората светска војна. На 24 април 1944 г. германски единици заедно со грчки колаборационистички милиции на полковникот Георгиос Пулос повторно ја запалиле Катраница и убиле 318 жители, од кои повеќето биле заробени и запалени во црквата „Св. Димитриј“.[26][27][3]
Според Тодор Симовски денес селото се состои половина од месни Македонци, а половина од грчки дојденци.[3]
Стопанство
Населението традиционално се занимава со одгледување на жито и со сточарство.[3]
Стариот чинар во центарот на Катраница
Месности во Коприва преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г.
Лазар Панча (? – 24 март 1831) — трговец во Белград и ктитор на градската катерала „Св. Марко“
Ѓорѓи Самара (1915 – 1947) — комунист, роден во сиромашно семејство, учел два класа гимназија, но не успеал да продолжи поради недостаток на пари; член на КПГ од 1942 година, војник на ЕЛАС; по Спогодбата од Варкиза бил гонет и стапил во илегала; еден од првите што се приклучиле на ДАГ, загинал во мај 1947 г. кај Љумница[30]
Вангел Чарка (1917 – 1948) — комунист, роден во сиромашно семејство; во 1942 г. се зачленил во КПГ и истата година стапил ЕЛАС, след Спогодбата од Варкиза е гонет и стапил во илегала; загинал како војник на ДАГ кај Коница заедно со соселанецот Жоро Нонда[31]
Димитри Николуш Хаџиташков (? – 30 март 1942) — уапсен и починал во затворот во Ливадија, а син му бил деец на ЕЛАС, учесник во нападот врз кметот на Крмишта во октомври 1941 г.[32]
Мени Стамбули (? – 1944) — комунист, деец на ЕПОН, убиен од Германците; загинале и сестра му и брат му[33]
↑„Πύργοι“. Χάρτης της Ελλάδος. Архивирано од изворникот на 2003-11-26. Посетено на 30 декември 2014. Занемарен непознатиот параметар |arhive-url= (help)
↑Иванов, Йордан. „Български старини из Македония“, 1908, 1931, стр. 172.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 156–157. ISBN954-8187-21-3.
↑Σπανός, Κώστας (2004), Η απογραφή του 1904 του Σαντζακίου (грчки), Θεσσαλονίκη: University Studio Press, стр. 512, 521, ISBN9789601212951Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help)
↑Φωτίου, Θανάσης Σ (2011). Η ναζιστική τρομοκρατία στην Ελλάδα. Η αιματηρή πορεία του Φριτς Σούμπερτ και του ελληνικού "Σώματος Κυνηγών" στην κατοχική Κρήτη και Μακεδονία (грчки). Επίκεντρο. стр. 361. ISBN978-960-458-328-7.