Кајмакчалан![]() Кајмакчалан или Мачник[се бара извор] — највисок врв на планината Ниџе. Се наоѓа на јужната граница од Македонија, со висина од 2.521 м.[1] Кај Бугарите, врвот е познат како Борисов Град, а кај Србите како Порта на слободата и Праг на татковината.[2] МестоположбаОд врвот се гледаат Островското Езеро и Петерското Езеро во Егејска Македонија, како и областа Мариово во Македонија. Во близина на Кајмакчалан се наоѓаат селата Скочивир од македонска, како и селото Чеган и ски-центарот „Ниџе“ (Ворас) од грчка страна.[3] ЗнаменитостиЗа време на Првата светска војна, на Кајмакчалан се воделе тешки борби меѓу бугарската армија, од една страна, и француската и српската војска, од друга страна, како дел од Македонскиот фронт, познати како солунски. Притоа, само во периодот од 12 до 30 септември 1916 година, во жестоките борби[4] на врвот загинале над 4.600 војници од српската војска. Во составот на двете завојувани војски на фронтот биле мобилизирани голем број на Македонци од месното население во Мариово и од цела Македонија. Во спомен на овој настан, на црквата „Св. Илија“, сместена на самиот врв, се наоѓа посвета напишана од кралот Александар I Караѓорѓевиќ. До пред некое време, во црквата, во посебна урна, се наоѓало срцето на швајцарскиот форензичар, публицист и професор, Арчибалд Рајс.[5] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia