Петерско Езеро
Петерско Езеро (грчки: Λίμνη Πετρών, Лимни Петрон; старо Πετέρσκο[1]) — езеро во Леринско, Егејска Македонија, дел од групата на Егејските Езера. Езерото се наоѓа на териториите на Леринско, Општина Суровичево, во северниот дел на котлината Острово меѓу два крака на планината Ниџе. Надморската висина му изнесува 570-572 метри[1], површината околу 12 км,2 додека езерото е длабоко само четири метри. На брегот на езерото се наоѓа селото Острово, додека над езерото, на врвот на ридот се наоѓаат остатоците од тврдината која потекнува од владеењето на цар Самоил. Вкупната површина на тврдината изнесува околу 25 хектари.[2] Поврзано е со соседното Рудничко Езеро, од каде што добива вода. Неговите води пак се влеваат во Островското Езеро. На западниот брег се наоѓа селото Петерско, а во југозападниот Суровичево. Заедно со Островското Езеро сочинуваат екосистем, во кој живеат повеќе од 130 видови птици, цицачи, риби. Овој простор е живеалиште на ретки и загрозени видови птици, од кои само во Петерското Езеро повеќе од 90 видови, како големиот корморан (Phalacrocorax carbo) и малиот корморан (Phalacrocorax pygmaeus). Се гнездат и ноќната чапја (Nycticorax nycticorax), жолтата чапја (Ardeola ralloides) и малата бела чапја (Egretta garzetta)[1] Во 1977 г. Петерското Езеро е прогласено за место со посебна природна убавина.[3] Заедно со соседното Островско Езеро е вклучено во мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1340004) и двете езера се прогласени за места од орнитолошка важнот (045).[1] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia