Келбрандски мост
Келбрандски мост (германски: Köhlbrandbrücke) — обесен мост во Хамбург, Германија, кој ја поврзува пристанишната површина на островот Вилхелмсбург помеѓу Северна и Јужна Елба, делови на реката Елба со автопатот 7 (излез Валтерсхоф). Ја премостува Јужна Елба, тука наречена Келбранд, пред сè спои повторно со Северна Елба. Мостот бил отворен во 9 септември 1974. ИсторијаМостот бил проектиран од Ханс Витфот и Егон Јукс. Биле потребни години да се изгради. Од отворањето на мостот само двапати бил отворен за пешаци, на денот на отворање 1974 и на неговиот 30-ти роденден во 2004. Меѓутоа, прекрасниот поглед над градот Хамбург не е целосно ограничен за возачите на автомобилите и камионите. Мостот е на рутата на годишната велосипедска трка Ватенфал Класик во Хамбург, дел од светската турнеја на UCI. Добар број на аматери, кои учествуваат во трката прават пауза на врвот на Келбрандскиот мост. Неколку луѓе извршиле самоубиства со скокање од мостот. Мостот е спектакуларна свена во германскиот трилер од 1987 Џокер, во кои играат Петер Мафај и Мајкл Јорк.[2] Исто така, бил прикажан во видеоиграта Call of Duty: Modern Warfare 3, во текот на мисијата „Goalpost“. Технички податоциМостот е направен од околу 81.000 м3 бетон и 12.700 тони челик. Секој дел, околу 30.000 автомобили преминуваат преку мостот. Вкупните трошоци изнесувале 160 милиони германски марки. Мостот бил направен од 88 челични сајли (секоја со пречник од 10 см). Долг е 3.940 м, а централниот дел има 325 м. Носен е од 75 далноводи (највисокиот во висина од 135 метри) за да достигне висина од 55 метри, дозволувајќи им на бродовите да поминуваат под него, дури и во висока плима Патот има косина од 4%. Наводи
Надворешни врски
53°31′18″N 9°56′18″E / 53.52167°N 9.93833°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia