Хамбуршко пристаниште
![]() Пристаништето Хамбург (германски најчесто: Hamburger Hafen) е пристаниште во Хамбург, Германија, на реката Елба. Пристаништето се наоѓа 110 километри од устието на Елба во Северното Море. Нарекувано е германска „порта кон светот“ и е најголемо пристаниште во Германија. Тоа е второ најпрометно пристаниште во Европа (по тоа во Ротердам), по поглед на капацитетот и 11-то најголемо во светот. 9,74 милиони контејнери биле тргувани во Хамбург во 2008. Пристаништето покрива површина од 73,99 км2 (64,80 км2 корисна), од кои 43,31 км2 (34,12 км2) се земјена површина. Местото е природна предност на разграноците на Елба, создавајќи идеално место за пристаништен комплекс со складови и бродски објекти. Продолженото слободно пристаниште исто така овозможува бесплатен превоз. ИсторијаИсторијата на пристаништето е скоро стара колку и самата историја на Хамбург. Основано на 7 мај 1189 од Фридрих I поради неговата стратешка локација, било главно пристаниште на Средна Европа со векови и дозволувајќи му на Хамбург да се развие рано во водечки град на трговијата и на гордата буржоазија. Во текот на Ханзата од 13-от до 17-от век, Хамбург бил сметан за втор, веднаш зад пристаништето и градот Либек, во поглед на неговата позиција како централелн трговски јазол за поморската трговија. Во текот на втората половина на 19-от век, Хамбург станал главно место за прекуокеанските патници и товарниот сообраќај во Средна Европа и од 1871, па натаму, бил главно пристаниште за трговија на Германија. Линијата Хамбург-Америка била во тоа време, најголема бродска компанија во светот. Слободното пристаниште, основано на 15 октомври 1888 дозволувало на трговците да ги пренесат и складираат добрата без да поминат низ царината, што дополнително ја зајакнала позицијата на Хамбург во поморската трговија со соседните држави. Молдаухафен имал сличен договор, ама единствено и исклучиво со Чешка. Speicherstadt, една од архитектонските икони денес во Хамбург, е голема складишна зона од 350.000 м² на северниот брег на реката, изградена во 1880-тите, како дел од слободното пристаниште и справувањето со големите количини на складирани добра во пристаништето. Бродоградилиштето Хамбург ги изгубило своите флоти двапати по Првата и Втората светска војна и по поделбата на Германија помеѓу 1945 и 1990, Пристаништето Хамбург ја изгубило поголемиот дел од својата непосредна околина и како последица на тоа многу од трговските врски. Меѓутоа, по германското реобединување, падот на Железната завеса и проширувањето на ЕУ, Хамбург постепено станува едно од најголемите логистички центри во Европа и едно од најпрометните и најголемите светски морски пристаништа. Прославата на роденденот на пристаништето (Hafengeburstag) секоја година се одржува во првиот викенд на мај е еден од најголемите јавни настани во Хамбург. Посетителите доаѓаат од цела Германија и Европа да ја доживеат прославата. ПристапПродлабочувањето на реката Елба за големи пловни објекти е контроверзно поради еколошки причини. Делумно се должи на соработката со Долна Саксонија и Бремен за изградба на ново контејнерско пристаниште (JadeWeserPort) во длабоките води на Jadebusen во Вилхелмсхафен, Хамбург се откажал од овој план по промената на владата во 2001. Терминали
КрстарењеХамбург е главно одредиште за бродовите за крстарење, но исто така и главно место за бродоградбата. Култура![]() Пристаништето Хамбург е исто така една од најголемите атракции а Хамбург, како и станбен, индустриски и логистички центар, но исто така и како позадина на современата култура и пристанишната историја. Во него се наоѓаат различни бродови-музеи, музички театри, барови, ресторани и хотели - дури и пловечка брод-црква.[5] Туристичките бродски прошетки во пристаништето се нарекувани he lüchts (долногермански за тој лаже), откако често пристанишните работници им довикуваат на туристите, откако ќе ги слушнат приказните на туристичките водичи. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
53°32′46″N 9°57′58″E / 53.54611°N 9.96611°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia