Кечуански јазици
Кечуански јазици (кечуански: Qhichwa rimaykuna) — поим со кој се опфатени кечуанскиот јазик, негови дијалекти или многу сродни помали варијанти. Оваа група се зборува во западна Јужна Америка и е најголем староседелски јазик на тој континент со околу 6 до 8 милиони говорници, но можеби и повеќе. Јазикот (или јазиците) се зборува во регионот на Андите. Оваа група всушност опфаќа само еден голем кечуански јазик, но во различни литертаури може да се набројат и јазици кои во поширока гледна точка се сметаат за дијалекти на истиот. Сите дијалекти или јазични варијации, вклучително и кечуанскиот јазик потекнуваат од заеднички стар јазик наречен пракечуански јазик. Пред еден милениум стариот јазик се проширил низ Јужна Америка и со тоа се создале различни варијанти на јазикот, па денес може да се сретнат кечуански дијалекти кои не се разбираат меѓу себе, што е и причина за создавање на кечуанска фамилија на јазици кои досега се сметаат за негови дијалекти. Именувањата на дијалектите или јазиците се според местоположбата, па така има: куско кечуански, јужен кечуански, анкашки кечуански или кичва кој е назив за северниот или еквадорскиот кечуански јазик. Говорници
Вкупниот број на говорници на кечуанскиот јазик варира од извор до извор. Најверодостојните извори за бројот на кечуанците се пописите на Перу и Боливија.
ФонологијаСледната анализа на фонологијата на кечуанскиот јазик е заснована на најдоминантниот дијалект на јазикот, односно на куску-кулав дијалект. Меѓу овој и другите дијалекти се забележуваат некои разлики од фонолошка гледна точка. СамогласкиКечуанскиот јазик има само три самогласни фонеми, и тоа: /a/ /i/ и /u/ исто како и во ајмарскиот јазик. Луѓето кои го зборуваат само кечуанскиот јазик овие фонеми ги изговараат како [æ] [ɪ] и [ʊ], за разлика од луѓето кои зборуваат и шпански јазик кои ги користат и фонемите /a/ /i/ и /u/ покрај оригиналните кечуански. Кога самогласките се во близина на меконепчаните /q/, /qʼ/, и /qʰ/, тие се изговараат како [ɑ], [ɛ] и [ɔ]. Согласки
Ниту една од плозивните гласови се звични, односно звучноста на фонемите не е дел од кечуанскиот фонетски систем, или на куско дијалектот. КласификацијаПомеѓу кечуанскиот јазик или кечуанските јазици има слаби разлики помеѓу различни дијалекти и варијации. Често се смета за еден голем јазик, одошто како јазично семејство на повеќе кечуански јазици, но сепак јазичарите направиле три поделби на кечуанскиот според регионот, па така има:
Говорниците од овие три региони можат лесно меѓу себе да се разберат, но се разбира има и мали разлики помеѓу локалните дијалекти. Така, говорниците на централниот кечуански и јужниот кечуански имаат потешкотии да се разберат. Поради тоа, јазичарите го сметале овој јазик, односно, го поделиле јазикот на неколку јазици (трите погоре) и се именувани како јазично семејство. ![]()
Кечуански и ајмарскиКечуанскиот и ајмарскиот јазик споделуваат значителен дел од зборовниот фонд и одредени граматички структури. Поради тоа, одредени јазичари ги групираат овие јазици во една фамилија на кечуанско-ајмарски јазици. Сепак, овој предлог е отфрлен од голем број на специјалисти од тоа поле. Сличностите се објаснети како последица на заемна соработка низ вековите на двата народа. СтатусДенес, кечуанскиот јазик има статус на официјален во Боливија, Перу и Еквадор, заедно со шпанскиот и ајмарскиот јазик. Пред доаѓањето на Шпанците нивната колонизација, јазикот не бил пишан, но со колонизацијата кечуанскиот јазик почнал да користи латиница. Воведувањето на латиницата довело до создавање на кечуанската азбука која е официјална во трите земји. Иако денес, кечуанскиот и ајмарскиот, се службени јазици, сепак тие се повеќе разговорни јазици поради тоа што нема доволен број печатени материјали што би се користеле за масовно писмено изучување. Кечуаните и остаатите народи кои користат кечуански јазик го прифатиле јазикот како симбол на својот идентитет и нација, сепак има одреден број Кечуани кои престануваат да го користат кечуанскиот и започнуваат со користење на шпански, пред сè поради социјални причини.[1] Поради јазичаричката измешаност, кечуанскиот јазик има голем број шпански позајмени зборови, но и обратни, шпанскиот во овие земји користи голем број фрази и зборови од кечуанскиот јазик. Примери
Примери на зборови на различни кечуански варијанти:
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia