Кинин
Кинин е алкалоид што се користи како лек против маларијата и се добива од исушена кора на тропското растение cinchona по потекло од Јужна Америка. Месното население во подрачјето каде успева стеблото, неговата кора ја нарекувало quina quina, што значи “кора над корите“, од каде и му потекнува името. Од 2006 година, кининот повеќе не е препорачан од светската здравствена организација како третман против маларија, а смее да се употребува само при недостаток на лекот артемесинин.[1][2][3][4] Кининот се користи како средство за вкус и мирис во пијалаците тоник и битер лемон. Според традицијата, за да го ублажат горчливиот вкус на тоникот кој се користел како превентивно средство против маларија во британските колонии (во Индија), Британците го мешале со џин, и така е создаден коктелот џин и тоник, кој и денес е популарен во многу делови од светот, посебно во Велика Британија, САД, јужна Канада, Кина и делови од Австралија и Ласа. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia