Кирана Солунска
Света Кирана Солунска (грчки: Αγία Κυράννα) — светица и новомаченичка од XVIII век. ЖитиеСвета Кирана е родена во 1731 г. во селото Висока, Лагадинско, тогаш во Отоманското Царство, во семејство на благочестиви христијани. Како убава девојка, во неа се заљубил еден јаничар, но таа непоколебливо го одбил.[1] Поради тоа, група јаничари ја грабнале и ја однеле пред судија во Солун, кои лажно тврделе дека Кирана се согласила да го прими исламот. На обвинувањата, Кирана одговорила дека таа е христијанка и не сака да се потурчи.[2] По наредба на солунски бег, таа била фрлена во затвор, каде ѝ биле ставени окови. Командирот на затворот им разрешил на јаничарите да влегуваат во ќелијата на Кирана и да ја измачуваат како што ќе посакаат. Така, еден ја тепал со дрво, друг со нож, трет со клоци, сѐ додека не ја оставиле полумртва. На тој начин била измачувана една седмица.[2] На седмиот ден, односно на 28 февруари Кирана починала. По нејзината смрт, голема светлина блеснала во затворот, која го опкружувала телото на маченичката и се разлевала низ целиот затвор. Наредниот ден им било разрешено на христијаните да го земат нејзиното тело. Тие ја погребале надвор од градот, во христијанските гробишта.[2][3] Подоцна, сите траги од нејзиниот гроб биле изгубени, а во пишаните документи се споменува само дека се наоѓале надвор од Солун.[4] Во 1868 година, на местото на нејзината родна куќа е подигната црквата „Св. Кирана“.[5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia