Коефициент на асиметрија![]() Мерките на асиметрија во статистиката се вбројуваат во показателите на обликот на распределбата. Во статистичката анализа се воведени мерки на обликот на распределбата за да се диференцираат распределбите од ист степен на хомогеност. Мерки на обликот на распределба се: коефициент на асиметрија и коефициент на сплеснатост (збирно „наклон, накосеност“). Распределбата е асиметрична доколку опсервациите не се симетрично распределени на двете страни. Мерките на асиметрија се бројчена одлика на начинот на распределбата на податоците. Со помош на мерките на асиметрија се мери начинот на распределба на единиците на статистичката маса спрема некои вредности, односно спрема оската на симетрија. Мерките на обликот на распределбата се пресметуваат со помошни и централни моменти на распределба.[1] Пресметување на коефициентот на асиметријаКоефициентот на асиметрија е релативна мерка на асиметрија. За мерење на асиметријата потребни се отстапувањата на вредностите на бројчената променлива од аритметичката средина – трет централен момент.
Коефициентот на асиметрија (α3) е бројчен показател кој покажува до кој степен определена распределба е симетрична во однос на нормалната. Тој се добива кога третиот централен момент се става во однос со стандардното отстапување на трет степен. формула за коефициент на асиметрија:
Коефициентот на асиметрија ги користи сите отстапувања на вредностите на бројчената променлива од аритметичката средина и според тоа таа е потполна мерка на асиметрија. Кај симетричните распределби на честотите α3 = 0. Ако α3 > 0, тогаш распределбата е позитивно асиметричен (асиметричен на десно). И обратно, ако α3 < 0, тогаш распределбата е негативно асиметрична (асиметрична на лево).
Нормалната распределба е распределба на податоците во облик на ѕвоно, каде средината, медијаната и модата се софпаѓаат. А кривата на честота покажува нормална распределба. Кај нормалната распределба, околу 68% од вредностите лежат во една стандардно отстапување од средината и околу 95% од податоците лежат во две стандардни отстапувања од средината. Ако има крајните (екстремни) вредности кон позитивниот крај на распределбата, се вели дека распределбата е позитивно искривена. Во позитивно искривената распределба, средината е поголема од модата. Негативна искривеност, од другата страна, има средина која е помала од модата поради присуството на краните вредности на негативниот крај на распределбата.[3] Јачина на асиметријаВо зависност од големината на коефициентот на асиметрија се одредува и јачината на асиметрија.
Доколку коефициентот е во интервал [-0,5; +0,5] тогаш се смета дека распределбата има умерена асиметрија. Поедноставено пресметување на третиот централен моментПресметувањето на третиот централен момент може да се поедностави со формулата: ![]() Во претходниот израз mr претставува помошен момент дефиниран за:
![]()
![]() Користејќи ги помошните моменти може да се пресмета и стандардното отстапување.[5] ![]() Прв Пирсонов коефициент (β1)Меѓусебните односи на средните големини и нивните својства, се значајни за изработка на Пирсоновиот модел на коефициентот на асиметрија. Најпогодни за матеметичка анализа се структурните серии со бројчени белези или распределби на честоти. Врз нив се врши комплексна статистичка анализа. Во показателите на распределбите, покрај средните големини и мерките на дисперзија се вбројуваат и мерките на асиметрија и сплеснатост на распределбата кои се однесуваат на неговиот облик.[6] Пирсоновата мерка на асиметрија се темели на односите на аритметичката средина и модата,односно медијаната во бројчената низа.
Помеѓу крајот на 19 век и почетокот на 20 век , Карл Пирсон истражувал огромни бази на податоци од кои некои значително се разликувале од нормалните распределби и воедно ги изучувал таквите отстапувања. За таа цел го конструирал коефициентот на асиметрија, кој според него е наречен прв Пирсонов коефициент. Според оваа мерка доколку коефициентот е еднаков на нула распределбите се симетрични. Тој открил дека за умерено асиметричната распределба каде што Мо е ознака за модус и Ме ознака за медијана: Мо - ẍ≈ 3*(Ме - ẍ )[7]
Пирсоновиот коефициент претставува однос на разликата на аритметичката средина и модусот спрема стандардното отстапување. ![]() Пирсоновите мерки се дадени со изразот: ![]() Пирсоновиот коефициент вообичаено се движи во интервал [-3; +3]. Доколку распределбата Sk=0 има симетричен облик. Ако Sk = ±3 се смета дека распределбата има позитивна или негативна асиметрија.[1] Боулиева мерка на асиметријаБоулиевата мерка на асиметрија се темели на односите на квартилите и медијаната. Пресметувањето на Боулиевиот коефициент на асиметрија е дадено со изразот: ![]() Вообичаено се движи во интервал ± 1. Во симетричната распределба, Буловиот коефициент е 0. Во позитивна асиметрија е позитивен, а во негативна асиметрија е негативен.
Буловата и Пирсоновата мерка се непотполни мерки на асиметрија и се помалку информативни од коефициентот на асиметрија, но се пресметуваат поедноставно и побрзо.[8] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia