Козјачки партизански одред![]() Козјачкиот партизански одред (месност Студена Вода, Кумановско, 12 октомври 1941 – Малотино, 17 октомври 1941) — еден од четирите партизански одреди во Македонија во 1941 година. Заедно со Карадачкиот партизански одред тој е прв партизански одред од Куманово. Бил формиран од 25 борци. Командант на одредот бил Љубомир Здравковски - Гачо, а политички комесар Киро Нацев - Фетак.[1] Борбениот пат на одредот![]() Зборно место на Одредот била месноста Студена Вода, пет километри источно од Куманово. Оттаму, Одредот пристигнал на планинскиот врв Китка, на планината Козјак на 13 октомври. За време на маршот, ноќта помеѓу 12 и 13 октомври, неколку борци го напуштиле одредет, а тешко се разболел командантот на одредот, Љубомир Здравковски - Гачо, поради што бил оставен на лекување кај еден селанец во Четирце, заедно со Христијан Тодоровски за да му помага, и четворица други борци.[2] На 15 октомври одредот одржал митинг во селото М'гленце, а на 16 октомври извршил напад во манастирот Свети Прохор Пчињски. Полицајците кои биле во манастирот, пред нападот побегнале.[3] Откако одредот дошол во реонот на селото Малотино, по предавството на селскиот кмет во Малотино, бугарската војска на 17 октомври го нападнала одредот и по неколкучасовна борба го разбила. Неколку борци загинале, неколкумина успеале да се пробијат, а поголемиот дел биле заробени. Во борбата загинуваат Стојан Георгиевски – Тане и Васе Гелев, а при спроведувањето на заробените партизани е убиен Димче Јовчев Величковски – Еребица. Непријателскиот обрач го пробиле Киро Нацев – Фетак, Боро Божиновски – Прцан и Среќко Петрушевски – Пужаљка. Заробени биле и спроведени во Куманово: Михаило Мургашански, Боро Јовчевски – Суџук, Филимена Михајлова, Киро Менков, Герасим Димковски – Чвор, Тошо Ангеловски – Ѕидар и Салтир Путински.[4][5] Заробените партизани на 8 ноември 1941 година се изведени пред суд при што им се изречени пет смртни пресуди и четири казни затвор. Оваа битка и нејзините учесници е опеана во песната „Битка се бие Кумановско Поле“.[6] Борци во одредот![]() Во состав на одредот биле следните борци:[7]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia