Среќко Петрушевски - Пужаљка
Среќко Д. Петрушевски - Пужаљка ( 1912 Куманово ― 14 јули 1942[1] во Скопје) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2] ЖивотописПотекнува од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во својот град. Подоцна изучил чевларски занает, а работел во мелниците во Куманово и Скопје, а некое време бил и монополски работник во Куманово. Активно работел во друштвото „Абрашевиќ“, во чии секции свирел на прим и други инструменти. Бил на чело на 27-мартовските демонстрации, што биле организирани против фашистичката оска Рим — Берлин — Токио. Уште тогаш се истакнувал со особена револуционерност.[2] На 12 октомври, 1941 година стапил во Кумановскиот одред. По растурањето на одредот се приклучил на Првиот скопски партизански одред,[1] а по неговото расформирање се засолнал во својата куќа, до која живеел еден полициски агент. Пред да го фатат се засолнил кај сестра си во Прешево. Но и таму бел откриен. Барал врска повторно да замине во Партизанскиот одред. Не можејќи да се поврзе со партизаните во Македонија, заминал за Србија и се приклучил кон српските партизански одреди. Бил заробен и вратен во Куманово, каде на судскиот процес бил осуден на смрт. Погубувањето било извршено во Скопје на 14 јули1942 година од страна на Бугарските воени окупатори.[2] Неколку улици во нашата држава го носат токму неговото име.[3] Во литературата се сретнува и како Среќко Петровски - Пужаљка.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia