Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
Во маалото село се родовите:Ивковци (7 к.), Рушкини (3 к.), Калчини (3 к.) и Сматрини (3 к.) они потекнуваат од првите четири домаќинства кои го основале селото, тоа било околу 1810 година. Они претходно живееле на местото Старо Село, кое лежело на границата помеѓу селата Четирце и Карабичане; Давидовци (15 к.) доселени се од Давидовац кај Врање; Стојчинци (6 к.) доселени се однекаде.
Во посебни маала се родовите:Љубановци (20 к.), Амалинци (8 к.) и Величковци (3 к.) гранка се од родот Давидовци; Тасинци (20 к.) потекнуваат од првобитните четири домаќинства кои го основале селото. Во овој род имало некој домазет Ром; Стојчинци (7 к.) гранка се од истоимениот род во маалото Село; Скачкулинци (13 к.) доселени се од селото Скачковце; Коњаровци (3 к.) доселени се од Коњари во Скопско; Делинци (8 к.) доселени се од селото Карабичане; Матејчанци (11 к.) доселени се од селото Матејче.[11]
Родот Шоповци се иселил во селото Миладиновци кај Скопје. Јаневи (1 к.), Лубе (1 к.) и Славко (1 к.) се иселиле во селото Долно Коњаре. По Втората светска војна населението почнало масовно да се иселува по градовите во желба да успеат во животот.[11]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“