Коле Мангов
Коле Мангов (2 август 1940 во Баница, Леринско — 1 јануари 2013 во Скопје) ― македонски поет, публицист, судија и борец за човекови права.[1][2] ЖивотописМангов е роден во селото Баница, Леринско, егејскиот дел на Македонија. Завршил Правен факултет во Скопје, а работниот век го поминал како судија во Апелациониот суд, Скопје. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1977 година. Македонската јавност го памети како борец за човековите права, со особена посветеност на правата на Егејците во Грција. Тој како член на Уставната комисија дал свој придонес и во создавањето на првиот Устав на Република Македонија. Бил претседател и на невладината организација „Достоинство“, преку која неуморно се борел за интернационализирање на „македонското национално прашање“, како и за ширење на вистината за грчко-македонскиот спор. На домашната политичка сцена, тој важел за десничар кој ја зазел страната на „македонистите“ во судирот во ВМРО-ДПМНЕ, жестоко критикувајќи го Љубчо Георгиевски за неговите пробугарски ставови.[2] Дипломатска борбаНеговата посветеност на борбата за признавање на прекршените права на македонското малцинство во Егејскиот дел на Македонија (од кое и тој бил дел), ја кренал на многу високо ниво и остварувал лична комуникација со видни политичари и дипломати од сиот свет, како што се: Романо Проди, Меделин Олбрајт, Бутрос Гали, разни претседатели на држави и шефови на дипломатии. Неговата неуморна работа и приказ на големата неправда нанесена кон македонскиот народ е дел и од официјалниот извештај на Human Rights Watch/Helsinki.[3] Негови колумни, полемики и писма, можат да се сретнат низ сите дневни весници во Македонија, но и во странски магазини и весници, каде застапен преку неговата поезија, а некаде како борец за човекови права. Во едно обраќање во медиумите тој сосема прецизно ја доловува формулата, како според него треба секој поединец да настапува, во заштита на човековите права:[2]
Објавени книги[2]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia