Комунистичка партија на Македонија (1992)Оваа статија се однесува на партијата основана во 1992. За владејачката партија од 1944 до 1990, погл. Сојуз на комунистите на Македонија.
Комунистичката партија на Македонија (КПМ) - поранешна политичка партија во Република Македонија. Основана е во април 1992, а пререгистрирана е на 12 септември 1993 година. Избришана е од регистарот на политички партии во 2007. Претседател на партијата бил Тодор Пеливанов. Партијата се сметала себеси за продолжувач на делото на Сојузот на комунистите на Македонија и се залагала за како што сметале „Воспоставување на добриот живот кој го имаше македонскиот човек за време на социјализмот, во споредба со денешниот“. По донесувањето на измените во Законот за политичките партии во 2007 година,[1] КПМ не успева да се пререгистрира. Во ноември 2015 година поранешното членство и поддржувачи на КПМ се вклучиле во формирањето на нова политичка партија Левица.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia