Коста Трајковски

Коста Трајковски
Роден 1925 година
Петровец, Кралство СХС
Починал април 1945 година
помеѓу Шид и Илинци, Независна Држава Хрватска
Почивалиште Гробиштата во Петровец
Народност Македонец

Коста Стјчев Трајковски ( 1925 Петровец1945 во Шид/Илинци) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Потекнува од земјоделско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток. На 15 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со својата единица учествувал во повеќе борби и акции за ослободување на Македонија. По ослободувањето на Македонија заминал за Срем. Во една битка против непријателот кај Шид-Илинци, храбро загинал во почетокот на април 1945 година. Бил закопан на местото каде што загинал, но по ослободувањето, неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во Петровец.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 150. На |first= му недостасува |last= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya