Костурски музеј на народната носија
Костурски музеј на народната носија (грчки: Μουσείο ενδυματολογίας Καστοριάς) — музеј во Костур, Егејска Македонија, посветен на народната носија.[1][2] Местоположба и историјаМузејот е сместен во родната куќа на браќата револуционери Панајотис и Јоанис Емануил од XVIII век, којашто се наоѓа на почетокот на маалото Долца, крај Костурското Езеро. Музејот е отворен во 1999 година и е под раководство на друштвото „Хармонија“.[1] СодржинаЦелта на музејот е да запознава со традиционалните носии во Костур и Костурско до XX век. На првиот кат се изложени женски носии од околните села, како на пример Нестрам. На вториот кат се градските носии, како на пример џуба (секојдневна женска облека во сино), антерија (секојдневна женска облека со кафеави риги), празнична носија од XVIII век во кафеаво, машка антерија без елек и со фес, прислужничка униформа од фабричка коприна, детски носии, кожни палта и др. Изложени се и многубројни додатоци, како чорапи, колани, пафти, накит и монети.[1] Галерија
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia