Костурско Езеро
Костурско Езеро (грчки: Λίμνη Ορεστιάδα, Лимни Орестијада или Λίμνη Καστοριάς, Лѝмни Касторијас) — езеро во Костурско, северозападна Егејска Македонија, денес во Грција. Познато е по градот Костур, кој е сместен на полуостров во езерото. Езерото е од групата на Егејските езера и лежи на надморска височина од 620 метри. Зафаќа површина од 28 км2 и има длабочина од 9 до 10 метри. Долго е 30 км и има водна зафатнина од 100 милиони кубни метри. Целиот слив на езерото зафаќа 253 км2. ОписКостурското Езеро е образувано во текот на миоценот, пред околу 10 милиони години. Претставува остаток од многу поголемо езеро (165 км2) кое ја исполнувало Костурската Котлина. Во езерото се влеваат 9 помали реки како Стара Река, Сушица (Апоскепска Река), Влака (Вишенска Река), Кондоропска Река, Хухеришта (Тиолишка Река), Фотинишка Река, Истек, Свети Атанасиј и Фундуклиска Река.[1] Најголема од нив е Стара Река со среден дотек од 350 л/с. Во југозападниот дел езерото има истек во реката Бистрица. Животински светВо околината на езерото се среќаваат преку 200 вида птици, а самото езеро важи за второ по богатство на уловот во државата.[2] ЗнаменитостиПокрај самиот град Костур со неговите бројни византиски цркви, крај бреговите на езерото се наоѓа познатиот манастир „Пресв. Богородица Мавровска“ од XI век, неолитската населба кај с. Дупјак, каде од езерото е извадена Дупјачка таблица со натписи кои сведочат за праписменоста во Македонија во VI милениум п.н.е.[3] [4] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia