Коце Трајановски
Коце Трајановски (1956 во Скопје) — македонски политичар и поранешен градоначалник на Град Скопје и на скопската Општина Гази Баба.[1] Тој е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. ЖивотописКоце Трајановски е роден 1956 година во Скопје. Дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје, 1980 година.[2] Во периодот 1981–1996 работи во МЗТ – Хепос како раководител на компјутерскиот центар. Во периодот 1996–1998 ја основа и води сопствената фирма за компјутерски софтвер за интегрирани информативни системи.[3] Во 1998 година Трајановски е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија како кандидат на мнозинската список на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица број 65. Во 2002 повторно е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија во изборната единица број 2, на пропорционалната список на ВМРО ДПМНЕ.[4] Во текот на пратеничкиот мандат бил координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.[4] На локалните избори во 2005 бил избран за градоначалник на општина Гази Баба. На локалните избори во 2009 Трајановски станал градоначалник на Град Скопје.[5] На локалните избори во 2017 година бил наследен на функцијата градоначалник од страна на Петре Шилегов.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia