Кочан (Драмско)
Кочан (Кочен или Кончен; грчки: Κοντσάν, Концан)[1] — поранешно во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Просечен на Драмскиот округ во Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до неговото реселување, било населено со Македонци-муслимани.[2] ГеографијаСелото се наоѓало во јужните падини на планината Боздаг (Мраморица), 2 км над селото Боболец, северозапдно од Драма. ИсторијаКочан за првпат се среќава во записник на соколарите од 1477 г. со 21 муслимански соколарски семејства, од кои 7 имале под едно рало земја[3], 1 бенак (со половина рало или помалку) и 13 неженети.[4] По припојувањето на селото кон Грција, во 1913 г. селото е заведено како напуштено, но на пописот од 1920 г. Кочан имал 173 жители.[2] Во 1923 г. жителите на селото, како муслимани, се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Познато е дека се населиле околу градот Узунќопру некаде меѓу 1923 и 1934 г. Селото потоа не било обновено.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia