Просечен или Пресечен (грчки: Δήμος Προσοτσάνης, Димос Просоцанис) — општина во Драмскиот округ на Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Административен центар е градот Просечен (Пресечен). Сместена е северозападно од градот Драма. Позначајна знаменитост во општината е пештерата Маара (Ангитис) кај изворот на реката Драматица (Ангитис).
Населени места
Општината Просечен е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на поранешните општини Просечен и Минаре.
Општинска единица Просечен
Поранешната општина Просечен на картата на некогашниот округ Драма.
Поглед на Просечен
Општинската единица ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Просечен
- село Просечен (или Пресечен; Προσοτσάνη, Просоцани)
- Општински оддел Боболец
- Општински оддел Горенци
- село Горенци (Καλή Βρύση, Кали Вриси)
- Општински оддел Граменци
- Општински оддел Калапот
- Општински оддел Крлуково
- село Крлуково (или Карликово; Μικρόπολη, Микрополи)
- Општински оддел Кобалишта
- село Кобалишта (Кубалишта, Кобалица; Κοκκινόγεια, Кокиногија)
- село Нов Калапот (Αγγίτης, Ангитис) новосоздадено
- село Мезе (или Меше, Πηγές, Пигес)
- Општински оддел Криводол
- село Криводол (или Егри Дере; Καλλιθέα, Калитеја)
- Општински оддел Плевна
- село Плевна (Πετρούσσα, Петруса)
- село Ставрос (Σταυρός) новосоздадено
- Општински оддел Пршово
- село Пршово (или Пршево; Ανθοχώρι, Антохори)
- Општински оддел Ресилово
На територијата на општинската единица се наоѓало и напуштеното село Кочан (Κοντσάν, Коцан).
Општинска единица Минаре
Поранешната општина Минаре на картата на некогашниот округ Драма.
Општинската единица Минаре со седиште во Фотилово (Фотоливос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Фотилово
- село Фотилово (или Сачивен; Φωτολίβος, Фотоливос)
- Општински оддел Голак
- Општински оддел Голем Сивендрик
- село Голем Сивендрик (или Г. Севендрик, Г. Семендрик; Μεγαλόκαμπος, Мегалокамбос)
- Општински оддел Каракавак
- Општински оддел Мал Сивендрик
- село Мал Сивендрик (или М. Севендрик, М. Семендрик; Μικρόκαμπος, Микрокамбос)
- Општински оддел Минаре
- село Минаре (Σιταγροί, Ситагри)
- Општински оддел Чал
- село Чал (Αργυρούπολη, Аргируполи)
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
---|
| ОЕ Просечен | |
---|
| ОЕ Минаре | |
---|
| Поранешни | |
---|
| 1 Новосоздадено место од грчки доселеници во XX век |
|