Коџа Мехмед Рагип-паша
Рани годиниНеговиот татко бил Шевки Мустафа, бирократ во Османлиската Империја. По завршувањето на своето образование, Мехмет Рагип работел во различни делови на империјата како државен службеник. Тој служел како главен благајник во Багдад. Бил член на османлиските претставници во Белградскиот договор во 1739 година. Тој бил унапреден на функцијата рејс ул-ќутаб (еднакво на денешен министер за надворешни работи) во 1740 година. Тој бил управник на Египетскиот Пашалак од 1744 до 1748 година,[1][2][3] кога бил принуден да се повлече од месните трупи.[4] Како голем везирТој бил назначен за голем везир на 12 јануари 1757 година од страна на султанот Осман III. Кога Осман III починал десет месеци подоцна, Мехмет Рагип-паша продолжил под водство на новиот султан Мустафа III со кого имал многу добри односи. Тој се оженил со Салиха, сестрата на султанот, и ја добил титулата дамат (зет). Мандатот на Рагип бил за време на османлискиот пад. Тој сепак донел реформи во османлиската администрација и благајна. За прв пат османлиските приходи ги надминувале расходите.[5] Тој бил приврзаник на мировната политика. Неговиот мандат на функцијата, речиси се совпаднал со Седумгодишната војна во Европа (1756-1763). И покрај опасноста од војна, тој успеал да ја задржи Османлиската Империја од судир.[6] По неговата смрт, Мустафа III напишал елегија (турски: ağıt) изразувајќи ја својата тага за неговиот добар пријател.[7] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia