Софу Мехмед-паша
Софу Мехмед-паша (починат во август 1649 година), познат и како Мевлеви Мехмед-паша — отомански државник кој служел како голем везир и дефтердар (министер за финансии). МинистерувањеТој бил заменик (кетхуда) на дефтедарот (гувернерот на благајната). Во времето на владеењето на Мурат IV во 1636, тој бил назначен за дефтердар и бил во служба до 1639 година. За време на неговото пензионирање, тој станал член на редот Мевлеви со што се стекнал со титулата Мевлеви или Софу. За време на турбулентните настани пред симнувањето од престолот на Ибрахим I во 1648 година, претходниот голем везир Хезарпаре Ахмед-паша бил линчуван од гневна маса на народ, и водачите на јаничарите го присилиле султанот да го назначи Софу Мехмед-паша за голем везир. Султанот неволно се сложил[1] на 8 август 1648 година. Сепак, султанот бил симнат од престолот ссамо по пет дена од неговото назначување. И покрај овој настан, Софу Мехмед-паша се плашел од поранешниот султан, и постоела можност повторно да седне на престолот доколку тоа го поддржувале јаничарите. Многу му олеснило кога Ибрахим I бил погубен десет дена по неговото симнување од престолот.[2] Постои сомнеж дека самиот Софу Мехмед-паша бил присутен за време на погубувањето.[3] Голем везирНовиот султан Мехмед IV бил на возраст од 7 години и кралицата владетелка Ќосем (мајката на Ибрахим I и баба на Мехмед) гледала со сомнеж на Софу Мехмед-паша, поради неговата улога во погубувањето на Ибрахим. Друг проблем за Софу Мехмед-паша била економијата. Негова врвна обврска во владата била благајната. Ги ограничил трошоците, но ова предизвикало негодувања кај спахиите, што довело до тоа тие да се побунат. Софу Мехмед-пашаси го спасил живото криејќи се за моќта на јаничарите. Иако ова му го спасило животот, јаничарите се стекнале со голема моќ поради овој настан, и наскоро, водачот на јаничарите Кара Мурат-паша застанал на страната против Софу Мехмед-паша.[2] Поразот на Отоманската морнарица при Фокејската битка на 12 мај 1649 година била дополнителен удар за Софу Мехмед-паша. СмртНа 21 мај 1649 година, тој бил заменет од Кара Мурат-паша. Бил протеран во Малкара (град во еропскиот дел на Турција), и наскоро, Кара Мурат-паша дал наредба тој да биде погубен во август 1649 година. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia